СРЕДА, 22 НОЕМВРИ 2017

8 работи кои не треба да ги носите кога патувате со авион

Кога патувате со авион, без разлика на тоа дали летот е подолг или пократок, сепак е важно да се чувствувате удобно за време на патувањето и да не предизвикате некаква непријатност. За секогаш да имате одлично патување, потребно е да знаете кои осум работи никогаш не треба да ги носите кога патувате со авион.

post cover photo

Парфем

Кога летате, тогаш во текот на патувањето се наоѓате во затворен простор, па затоа е препорачливо да не ставате силен, тежок и нападен парфем, кој може да им пречи на другите патници. Голем број на луѓе мирисливите производи ги сметаат за иритирачки, а можно е во авионот да има и личности со алергии или астма.

Тесна облека

Избегнувајте да носите тесна облека, особено кога вашиот лет трае повеќе од четири часа. Луѓето кои летаат на долги релации подложни се на ризик од длабока венска тромбоза. Длабоката венска тромбоза е згрутчување кое се појавува во длабоките вени, најчесто во пределот кај нозете. За да го спречите ова, носете специјални чорапи, поширока и покомотна облека и чекорете кога ќе имате можност.

Специфичнa облека

Тоалетите во авионите се премногу мали. Ако носите комбинезон, тогаш можеби ќе имате проблем за да го соблечете. Одбирајте облека којашто нема да ви предизвикува проблеми во мал простор. Облеката со многу копчиња и патенти нема да го направи вашето летање пријатно и удобно.

Облека со накит или метални додатоци

Познато е дека ако носите чевли со големи метални додатоци или метален накит, ќе имате проблем на аеродромот. Но, треба да знаете дека и ако носите џемпери со металик додатоци зашиени во нив, исто така ќе имате проблем. Чевлите многу полесно ќе можете да ги соблечете, но соблекувањето на џемперот може да биде непријатно.

Летна облека

Дури и ако патувате во земја каде што температурите се високи и се двоумите да облечете летни парчиња облека, не заборавајте дека температурата во авионот може да биде ниска и може да ви биде навистина студено. Препорачливо е да носите неколку слоеви облека, така што ако ви е топло ќе можете да се соблечете, а сепак нема да смрзнете.

Контактни леќи

Кога летате, влажноста на воздухот може да се намали за 20%, со што може да предизвика леќите да се исушат и да ги иритираат вашите очи. Кога имате долг лет, тогаш е препорачливо да носите очила, особено ако планирате да спиете.

Чевли со висока потпетица

Обезбедувањето на аеродром ќе ве замоли да ги соблечете чевлите, доколку тие се со висока потпетица. Не само што тие не се препорачливи, туку имаат метална конструкција, која со сигурност ќе го активира алармот. Исто така, за време на летото ќе се чувствувате навистина непријатно.

Облека со навредливи натпис

Можеби нема да ви се верува, но на многу луѓе им е забранет влез во авионот поради тоа како се облечени. Причината може да биде поради тоа што носат премногу кратка облека или пак облека со навредливи натписи. Затоа секогаш внимателно одбирајте што ќе облечете.

 

Varumin

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com