СРЕДА, 13 ДЕКЕМВРИ 2017

Однесувања и грешки кои ниту еден работодавец не ги толерира

Кај поглемиот дел од луѓето се случува по некое време одењето на работа да претставува рутина. Воопшто не е страшно на работното место малку да се опуштите, да поразговарате со колегите, но не заборавајте дека сепак треба да бидете внимателни и да пазите на тоа што го зборувате.

Сепак, треба да внимавате да не оставите негативен впечаток на вашиот сегашен или иден работодавец и да не оставите впечаток дека сте непрофесионална личност. Дали некогаш сте размислувале што е тоа што ниту еден работодавец никогаш не би го толерирал и простил?

post cover photo

Употреба на мобилниот телефон

Секако дека никој не може и не треба да ви забрани да одговорите на порака или повик, но сепак тоа е најдобро да го правите додека сте на пауза. Работодавците ги излудува кога некој постојано пишува и праќа пораки, особено ако личноста има важни обврски или е на состанок. Приватните разговори не се пожелни во поголемиот дел од компаниите, освен ако повикот не е поврзан со работата. Истото важи и за допишувањето на социјалните мрежи.

Озборување

Никој, ама баш никој не ги сака озборувачките на работното место. Ако постојано ги издавате или озборувате вашите колеги бидејќи сметате дека работодавецот повеќе ќе ве цени, тогаш многу грешите. Претпоставените сметаат дека ако ги озборуваат другите луѓе, тогаш којзнае што сè зборувате позади нивниот грб. Препорачливо е воопшто да не озборувате и да се држите на дистанца од луѓето кои го прават тоа. Озборувањето ја намалува продуктивноста, а исто така создава лоша атмосфера во тимот.

Несредена работна маса

Ако на вашата работна маса постојано има куп листови, остатоци од храна и слично, на сите вработени, вклучувајќи ги и работодацвите, ќе им делувате непрофесионално и деконцентрирано. Расфрланите работи сами по себе кажуваат дека сте неорганизирана личност, а со таква личност ретко кој би сакал да соработува.

Непочитување на дрес кодот

Голем број на национални, а и меѓународни компании имаат строги правила кога станува збор за деловниот изглед. Секогаш имајте на ум дека на работа не треба да одите облечени во кратко здолниште, спортска облека како на пример патики или тренерки и секако не носете блуза со длабоко деколте. Невкусната модна комбинација секогаш остава негативен впечаток.

Постојано доцнење

Не постои личност на која не ѝ се случило да задоцни на работа. Доцнењето е неизбежно, без разлика дали се работи за гужва во сообраќајот, лоши временски услови, приватни проблеми и слично. Сепак, постојаното доцнење на работа се смета за лоша работна навика, која им смета на сите вработени, а особено на работодавецот.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com