ПОНЕДЕЛНИК, 18 ДЕКЕМВРИ 2017

Интересни идеи за новогодишни декорации

Украсувањето на домот е можеби една од најинтересните работи овој период. Поголемиот дел од луѓето веќе ја накитија својата елка, ставија убави, новогодишни украси, тие што живеат во куќа го украсија дворот, а останатите ставија новогодишни сијалички и други декорации на своите балкони. Иако можеби веќе завршивте со украсување на домот, сигурно би посакале да додадете некоја од овие декорации.

Комода во бело

Белата боја потсетува на снегот и зимата, па затоа е идеален избор за декорирање на домот околку новогодишните и божиќните празници. Доколку имате комода во вашиот дом, искористете да ја украсите со бели детали и украси. Можете да ставите огледало со бела рамка, бели ирваси, сијалички, книги со бели корици, бел венец и слично. Веднаш ќе добиете повеќе отворен и топол простор.

Декорации за трпезарија

Зошто да не уживате во празничната атмосфера дури и кога јадете? Сијаличките за елка искористете ги за да ги поставите во некој дел од вашата трпезарија, но така што ќе ги завиткате околу кругови убава хартија. Можете да ги ставите на некоја полица, на шанк, комода и слично, во зависност од тоа каков мебел имате.

Наполнет лампион

Навистина елегантен украс за вашата елка! Во стаклена или пластична, проѕирна топка едноставно ставете различни бели и златни работи. Потребно ви е да земете неколку бели пердуви, половина да ги бојадисате со златна боја и да ги ставите во топката. Можете да додадете и други работи, како бели бисерчиња, златни предмети и слично.

Украс за врата

Овој украс направете го од јута, материјал кој на домот му дава елегантна нота. Потребни ви се неколку работи (кои можете да ги видите на фотографијата) и направете венес кој ќе го закачите на вашата врата. 

Дрвени ирваси

Ирвасите се познатите животни на Дедо Мраз, затоа направете дрвени ирваси по повод новогодишните празници. Потребни ви се парчиња дрва, кои ќе ги бојадисате во бела боја, на средината ќе залепите златно копче, ќе додадете гранчиња и вашите ирваси се спремни.

Обоени шишарки

Соберете неколку шишарки и со четкичка краевите бојадисајте ги во посакуваната боја. Потоа можете да ги ставите во сад заедно со неколку лампиони и ќе добиете прекрасна декорација.

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com