ВТОРНИК, 19 ДЕКЕМВРИ 2017

Магична зима - романтични идеи за љубовни состаноци

Оваа зима вие и вашиот партнер одвојувајте повеќе време за да уживате во вашата љубов, но правете го тоа на посебен и романтичен начин!

post cover photo

Во зимските, студени денови, најубавиот начин за да го поминувате времето е со вашиот партнер. Можеби сметате дека поради тоа што е студено не можете да правите многу различни работи, но баш напротив, зимата е идеалниот период од годината кога можете да се посветите на вашата љубов. Овие неколку романтични идеи сигурно ќе ви допаднат, па затоа не двоумете се премногу и направете ја оваа зима магична.

Топли пијалаци

Зарем зимата не ве потсетува на топол чај со цимет или греено вино со каранфилчиња? Наредниот пат кога ќе договорите состанок со вашиот сакан, одете на место каде што ќе можете да уживате во вкусот на топли пијалаци. Но, уште подобар начин е да го изненадите и да ги подготвите сами. Можете да подготвите греено вино и да додадете од неговиот омилен зачин или пак да подготвите чај по негов вкус. Исто така, можете да одите на убаво пријатно место, каде што ќе можете да се засладите со топло чоколадо. 

Планинарење

Постои нешто магично, задоволувачко и романтично во одењето на авантуристичко планинарење со вашиот партнер. Навистина неверојатно искуство кое ќе можете да го споделите, а кое ќе направи да се чувствува освежено и весело. Одвојте еден викенд оваа зима и заминете на некоја блиска планина. Планинарењето ќе направи повеќе да се поврзете, со тоа што меѓусебно ќе се поддржувате и ќе си помагате во пешачењето низ природата. Со самото тоа кога ќе замислите како шетате низ снежни, природни убавина, веднаш добивате слика за романтичен викенд.

Уметничко лизгање

Во зима една од најинтересни активности е уметничкото лизгање. Без разлика на тоа дали знаете или не знаете да лизгате, вие со сигурност ќе се забавувате. На лизгалиштето ќе си поминете навистина посебно, а потоа ќе забележите како се чувствувате порасположени и поблиски. Навистина одличен начин за заедно да ја почувствувате празничната атмосфера.

Пливајте

Сигурно на прв момент ви звучи чудно, но во денешно време на многу локации можете да најдете затворени базени, па затоа искористете да доживеете магично искуство. Додека сте заедно во базенот, навистина ќе се опуштите и ќе уживате во времето поминато заедно. Исто така, одлична идеја е да закажете и спа третмани.

Патување

Сега е вистинското време да го посетите местото коешто оддамна зборувате дека сакате да го посетите! Однапред направете агенда за сите работи кои сакате да ги видите, спакувајте неколку важни работи и уживајте во заедничкото истражување на нови култури.

Новогодишни филмови

За крај, најдобриот и најпознат предлог, одберете интересни, новогодишни филмови кои сакате заедно да ги гледате. Направете пуканки, наточете две чаши вино, легнете под мекото ќебе и уживајте во празничните филмови. Прекрасна, опуштена, но романтична атмосфера. 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com