ПОНЕДЕЛНИК, 25 ДЕКЕМВРИ 2017

Градови каде што сигурно би посакале да ја прославите Новата година

Новата година е за само седум дена, а сигурно досега сте одлучиле каде ќе ја поминете највеселата ноќ во годината. Идеалниот начин да ја дочекате Новата година е покрај вашите сакани и блиски луѓе, но сепак некои повеќе сакаат да заминат на некое убаво патување. Иако времето е студено, тоа не значи дека не можете да уживате во преубавите градови ширум светот (сепак во некои земји температурите во овој период од годината се навистина високи). Погледнете кои градови во светот се најдобрите за прослава на Новата година, па сигурно би посакале да ги посетите.

Лос Анџелес

Еден од најгламорозните градови, каде што сигурно би посакале да поминете неколку дена за време на новогодишните празници. Постојат голем број на прекрасни места кои можете да ги посетите, а новогодишната атмосфера дефинитивно ќе ја доживеете на поинаков начин.

Париз

Париз е секогаш одлична идеја, а особено за прославата на Новата година. Градот на светлината, љубовта и виното, сигурно ќе ве освои и ќе направи да имате незаборавни неколку дена за време на новогодишните празници. Познатите туристички атракции како Ајфеловата кула, Триумфалната порта, Лувр, Елисејските полиња, Монмартр и други, ќе предизвикаат кај вас воодушевување и неверојатни чувства како да се наоѓате на посебно, волшебно место.

Мадрид

Шпанија е најчесто земја која е идеална да ја посетите во летните денови и да уживате на прекрасните плажи, но Мадрид е дефинитивно одлична опција и за новогодишните празниви. На 31 декември, голем број на луѓе со капи, труби, маски ја дочекуваат Новата година на плоштадот Puerta del Sol. По шпанската традиција на јадење 12 грозја, среќата и возбудата преовладуваат на плоштадот, каде што се создава голема забава со конфети и музика.

Истанбул

Во Истанбул можете да уживате во глетката на различни огномети од различни населби низ целиот град. Насекаде е весело, а има и превкусна храна. Можете да доживеете и неверојатно искуство по реката Босфор, а додека пловите ќе уживате во прекрасните градби на овој преубав град.

Њу Орлеанс

Овој град е дефинитивно градот на музиката, градот од каде што потекнува џезот и град каде што на секој чекор можете да забележите различни изведувачи кои нудат неверојатна музика. Можеби е подалеку и ви делува нереално дека некогаш би го посетиле Њу Орлеанс, но доколку имате можност таму да ги поминете новогодишните празници, веднаш искористете ја шансата.

Милано

Неверојатната Италија секоја година примамува голем број на туристи за време на новогодишните и Божиќните празници. Сигурно и вие би посакале да ја дочекате Новата година покрај прекрасната новогодишна елка на плоштадот Дуомо, да уживате во атмосферата со новогодишните сијалички и да бидете опкружена со весели луѓе, вкусна храна и квалитетно вино. Милано е навистина прекрасен за дочекот на Новата година.

Рим

Рим може да се каже дека е најмагичниот град во италија, каде можете да поминете романтични, празнички денови. Не само што ќе можете да ги посетите прекрасните туристички атракции, туку ќе бидете дел и од прекрасна забава и музика во живо. Италија е позната по виното и храната, па сигурно би сакале годината да ја започнете со вкусни задоволства.

Лас Вегас

Голем број од славните личности, обожаваат Новата година да ја дочекуваат во Лас Вегас. Овој град е познат по добрата забава, па сигурно и вие би сакале да бидете дел од големото „лудило“. Доколку имате можност, тогаш дочекајте ја Новата година во градот на забавата и не пропуштајте ја можноста да посетите некои од познатите казина.

 

 
 
 
 
 

 

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com