СРЕДА, 10 ЈАНУАРИ 2018

6 совети за нега на Божиќното цвеќе

Божиќното Цвеќе Euphorbia pulcherrima, или кај нас попозната како Божиќна Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом. 

Божиќното Цвеќе е повеќегодишно растение кое покрај во црвена боја, можете да го најдете и во жолта, портокалова, бела и крем варијанта.

Во продолжение следуваат 6 совети за негова правилна нега и одржување до следната година.

1. Додека цвета Божиќната ѕвезда треба да ја чувате во малку постудена просторија на температура од 15-20 °C, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета. Не ја поставувајте во близина на радијаторите, клима уредите и други извори на топлина и секако избегнувајте места каде често се отвара врата или прозор.

2. Божиќното цвеќе се наводнува само кога земјата е потполно сува. Проверувајте ја влажноста на почвата на два до три дена. Наводнувајте со доволно количество вода со цел да се навлажни целата почва, а вишокот на вода што ќе остане во подлошката одстрнете го. Ако не го наводнувате доволно долните листови ќе започнат да паѓаат. Од друга страна, пак, ако пак го наводнувате премногу, долните листови најпрво ќе започнат за пожолтуваат, па потоа ќе паднат.

3. Додавајте прихрана на Божиќното цвеќе еднаш во месецот. 

4. Кога листовите на Божиќното цвеќе ќе започнат да паѓаат, одприлика при крајот на зимата и почетокот на пролетта, преместете го на постудено место. Потоа следува период на кастрење на гранките и пресадување на растението во поголема саксија (доколку е потребно) со нова хранлива земја со 15 % чист песок. 

5. Скратете/Подкастрете ги неговите гранчиња на должина од околу 10 сантиметри и притоа внимавајте да ги запечатите местата каде се пресечени гранчињата со восок од свеќа или запрашете го со малку дрвен јаглен, со цел да не истече млекото од цвеќето.  Доколку млекото истече постои голема веројатност цвеќето да не процвета. Постапката на кастрење се извршува со цел да пораснат нови гранчиња и да се развијат нови пупки. 

 

6. На есен, во периодот од Октомври до средината на Ноември внесете го Божиќното цвеќе во вашиот дом и поставете го во потемна просторија. Во овој период му се потребни само 10 часа светлина што значи во периодот од 17.00 до 08.00 часот треба да го поставите во потполно темна просторија бидејки ако дојде во допир со светлина формирањето на црвените листови ќе биде нарушено. Само во такви услови ќе се развијат нови црвени листови во кои ќе имате можност да уживате и следниот Божиќ.

За повеќе информации и совети следете нè на https://www.facebook.com/CityFlowersSkopje/?ref=br_rs.

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com