СРЕДА, 10 ЈАНУАРИ 2018

5 парчиња облека кои ќе направат да изгледате попривлечно

Секоја дама сака да изгледа привлечно, без разлика на тоа дали оди на љубовен состанок или едноставно се подготвува да излезе со пријателките. Според одредени истражувања е докажано дека покрај карактерот и личноста на една дама, постојат неколку парчиња облека кои мажите ги сметаат за навистина атрактивни. Од старите трикови дека со малку црвена боја можете вашиот изглед да го направите подобар, до тоа дека треба да се открие дел од телото, а тоа да не бидат ниту деколтето ниту нозете, навистина има начини вашиот изглед да го направите попривлечен.

Погледнете кои 5 парчиња облека вашиот изглед го прават попривлечен. Секако дека ако не ви се допаѓаат и не сакате да ги носите, тоа не значи дека не можете да бидете привлечна дама. Бидете тоа што сте и чувствувајте се убаво во вашата кожа, сепак самодовербата е најпривлечна. Секоја дама крие голема привлечност во себе, но понекогаш ѝ е потребна мала помош за да може тоа да го истакне пред светот.

Високи потпетици

Според една студија, докажано е дека високите потпетици го зголемуваат степенот на женска привлечност и женственост. Студијата покажала и дека дамата која носи чевли со високи потпетици има поголеми шанси да се запознае со некого, бидејќи попрво на неа ќе ѝ пријдат мажите.

Црвена боја

Сигурно ви е познато дека црвената боја секоја дама ја прави да изгледа привлечно, впечатливо и моќно. Истражувањата покажале дека мажите обожаваат дами облечени во црвено. За разлика од другите бои и нијанси, црвената прави мажите да ве доживуваат како попривлечна и поатрактивна жена, а за сето тоа тие не се свесни.

Црн фустан

Знаете дека малиот црн фустан е безвременско парче облека кое секоја дама го обожава, а токму тоа ве прави да изгледате попривлечно во очите на мажите. Тоа е можеби последица од тоа што црната боја прави да изгледате таинствено и сензуално. Истражувањата покажале дека пет од пет мажи кажуваат дека би се свртиле по дама облечена во црн фустан.

bella.mk

Голи раменици

Доколку мислевте дека голите нозе највеќе делуваат за тоа да изгледате привлечно, тогаш грешите. Кога станува збор за голите делови од телото, најдобар ефект ќе постигнете ако ги разголите вашите раменици. Вистинските мажи многу попривлечни ги сметаат рацете и рамениците, па затоа повеќе се загледуваат во дами со затворено деколте, подолга сукња и блуза со отворени раменици и разголени раце.

Тесен фустан

Не плашете да се ги истакнувате вашите облини, бидејќи мажите ги сметаат за неверојатно привлечни. Ако имате природна форма на тело како песочен часовник, тогаш секогаш ќе изгледате привлечно доколу облечете тесен фустан. Тесниот фустан го нагласува вашето тело и прави да изгледате атрактивно.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com