ЧЕТВРТОК, 11 ЈАНУАРИ 2018

Типови на љубовни врски – каде спаѓате вие и вашиот партнер?

Корисно е да ја препознаете вашата врска во некои од овие љубовни типови. Можеби ќе сметате дека се општи, бидејќи има само неколку типови, но треба да запомните дека љубовниот однос треба да носи мир и стабилност или драма и возбудливост, во зависност од тоа вам што ви е најпотребно и најважно. Погледнете ги паровите околу вас, погледнете се себеси и вашиот партнер и дознајте што е реално за вас.

post cover photo

Крал и кралица на драмата

Кавги и смирувања. Кога некој од партнерите ќе им каже на пријателите дека раскинале, веднаш следува прашањето повторно?, бидејќи на пријателите им е здодевно веќе да ги слушаат причините за раскинувањата и смирувањата. Од перспективата на другите луѓе овој пар е здодевен, тоа се крал и кралицата на драмата, кои не знаат што сакаат и би можело да имаат малку достоинство и пристојност за да не пријавуваат постојано како раскинале и се смириле. Всушност, сите им препорачуваат дека треба да престанат толку сериозно да се сфаќаат себеси и да се потрудат да го разберат партнерот, за да можат да остварат постабилен и позрел однос. Сепак постојат два типа на крал и кралица на драмата. Едниот тип се оние кај кои приказната постојано се повторува (оние здодевните), а другиот тип се оние кои по секое раскинување се трудат да сфатат што е проблемот и да најдат соодветно решение. Доколку сте од вториот тип, тогаш можеби ќе научите нешто од сите ситуации.

Засекогаш заедно

Тоа се парови кои секаде одат заедно и не можат да замислат денот да го поминат без својот партнер, а не дај боже да раскинат (или да се разведат). Понекогаш знаат многу да иритираат, бидејќи луѓето не можат да се дружат само со едниот од нив, тие секогаш одат во пар и меѓусебно сè си кажуваат. Или и двајцата ти се пријатели или некои работи не можеш да ги споделиш со нив. Но, еден ден ако дознаете дека се разделени, нема да ви се верува. Доколку вие и вашиот партнер не сте сијамски близнаци, тогаш сигурно се чувствувате анксиозно при помислата на ваква врска. Можеби тоа се парови кои го нашле она вистинското, можеби засекогаш заедно остануваат луѓе кои се навистина поврзани, сродни и неразделени, а можеби пак ваквата врска е навика и е нешто што гуши, но сепак никој нема храброст да пресече. Добро е да знаете дека постојат и вакви врски, бидејќи доколку не се пронајдовте тогаш ќе сфатите дали навистина би сакале вакво нешто или не.

Пар кој нема многу шанси

Тоа е тоа што сите го мислат за парот, а можеби и самите го мислат за себе, бидејќи се плашат, а самиот љубовен однос по себе е навистина тежок. Кога ќе дојдат тешките ситуации, тогаш сè станува покомплексно и неизвесно. Тоа се врски во кои има очигледни големи разлики, во години, култура, сфаќања за животот и искуства. Едниот од партнерите има преголем товар, тоа може да биде пропаднат брак, деца, болест, ментална нестабилност, а можеби го бие и лош глас. Исто така таа врска може да биде започната во триаголник, бидејќи едниот од нив бил причината за раскинување или развод. Силните чувства и длабоката поврзаност кај овие врски мора да има голема улога, за парот да може да се избори за својата љубов и однос, без разлика на сите притисоци од страна. Ваквиот пар може да успее да ја зграпчи најмалата шанса и да изгради стабилна врска.

Сите ги сакаат

Постојат некои парови кои се најблиску до романтичното сфаќање на љубовта, кои веруваат дека постојат сродни души и дека големата, филмска, судбинска љубов навистина постои. Сите навиваат за овој пар, без разлика дали тоа се тинејџери кои растат заедно или едноставно маж и жена кои изгледаат како да се створени еден за друг, чија меѓусебна нежност е убава за гледање или пак брачен пар кои само што добиле деца и се неверојатни родители... постои таква љубов, која ги преминува сите препреки и предизвици и која може да трае многу долго и да биде исполнета со верност и доверба. Овие парови на сите им влеваат надеж, верба и љубов.

Пар кој се опаметил

Кај ваквиот пат нема многу романтика, но се гледа реалноста која е навистина поучна и охрабрува. Тоа е пар кога едниот преживеал тешко и болно љубовно искуство, некој кој трагично го изгубил претходниот партнер, се развел, бил оставен по 10 години врска па сега не може како по само три месеци некој предложува брак, некој кој стапува во трет брак или некој кој едноставно доживеал тешко неверство. Ваквите парови навистина се храбри и мотивираат, бидејќи кога гледате дека некој по сите лоши работи успеал да се опамети, да се пронајде себеси во партнерскиот однос и да продолжи понатака, тогаш постои надеж за сите.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com