ПОНЕДЕЛНИК, 15 ЈАНУАРИ 2018

„Здрава“ козметика

Козметиката претставува составен дел од секојдневната рутина на жените и мажите. Употребата на козметиката се поврзува со желбата кај човекот да изгледа и да се чувствува убаво.

post cover photo

Според статистичките истражувања, една жена во просек употребува околу 12 козметички производи дневно, а мажот половина од таа бројка.

Многу луѓе се во потрага по козметички производи кои се формулирани од здрави и нетоксични состојки. Но, сепак не е лесно за просечниот конзумент да ги препознае брендовите кои се „здрави“. Еве неколку совети како да препознаете здрав козметички производ:

Прочитајте го составот на производот

Покрај информациите за намената и придобивките од употребата на производот, посебно внимание посветете на составот на прозводот. Состојките на производот се напишани како INCI и согласно регулативата, се набројуваат почнувајќи од состојките кои се содржат во најголем процент во производот.

Зошто е важен редоследот на состојките?

На тој начин ќе добиете јасна претстава која состојка се содржи во најголем процент во производот, а индиректно ќе добиете сознание и за тоа дали производот е „здрав“. Состојките како: Butyrospermum parkii butter (ши путер), Argania spinose kernel oil (арганово масло), Hydrogenated coconut oil (кокосово масло), Helianthus annuus seed oil (сончогледово масло) се здрави состојки. Се употребуваат за да создадат производ со добра конзистенција, кој лесно се размачкува на кожата и брзо се впива, а кожата ја храни, кондиционира, не ги затвара порите и овозможува непречено одвивање на нормалните функции на кожата.

Нафтени деривати

Внимавајте на состојките како: Liquid paraffin, Mineral oil, Toluene, Xylene, Petrolatum. Сите овие состојки се деривати на нафтата и не ги сакаме на нашата кожа. Тие се едни од најчесто употребуваните состојки во козметичката индустрија, поради цената, а се употребуваат за да дадат поубав изглед на козметичкиот производ и за полесно размачкување на кожата.

Силикони

Во денешно време многу ретко ќе сретнете на пазарот козметички производ во кој нема силиконски масла. Како да ги препознаете во составот на производот? Тоа се следните состојки: Methicone, Phenyl trimeticone, Dimethicone, Cyclomethicone, Dimethiconol, Dimethicone copolyol, или состојки кои завршуваат на “cone” или “conol“. Силиконските масла се употребуваат во козметичките производи за да се овозможи мазен ефект при размачкувањето, а на производот му даваат посебен сјај.

Зошто силиконите се непожелни?

Силиконите не се впиваат целосно во кожата, туку создаваат слој кој останува на површината на кожата во текот на целиот ден. На тој начин се спречува одвивањето на нормалните процеси на кожата како: потење, регулација на температурата и отстранување на слојот на мртви клетки. Но, поголемата последица од силиконскиот слој врз кожата е дека не се задржува само влага во кожата, туку и бактерии, себум, маснотии и други онечистувања. Ова е особено неповолно за масна кожа која е склона на создавање акни.

Како да одберете производ кој не содржи силикони?

Прочитајте го составот на производот и обрнете внимание на погоре опишаните имиња на силиконските масла или избере производ на кој пишува „без силикони“.

Парабени

Најшироко употребувани конзерванси во козметичките производи. Нивната функција во производите е да го задржат квалитетот на производот до означениот рок на употреба. Зошто се штетни?

Постојат студии кои укажуваат на штетното дејство на парабените врз фунцијата на ендокрините жлезди, а тоа доведува до хормонски нарушувања. Посебно чувствителна популација се бремените жени и децата помали од 3 години.

Како да ги препознаеме производите кои содржат парабени?

Во составот на производот парабените се означени со следните имиња: Ethylparaben, Butylparaben, methylparaben, propylparaben, isobutylparaben, isopropylparaben и други состојки чие име завршува со „paraben“.

Козметичката линија на производи од брендот TAIVA припаѓаат во здрава козметика. Не содржат силикони и парабени. Во составот нема деривати на нафта, туку ши путер, масло од арган, сончогледово, кокосово масло  кои ја создаваат лесна и брзо впивлива структурата на производот. Сите состојки во TAIVA производите се од најновата генерација во светската дермо-козметичка индустрија. Активните состојки се повеќе пати наградувани со највисоки признанија за иновативност во светски рамки.

Smart cosmetics * Smart choice

 

Авторот е докторант на фармацевски науки со 15 год. искуство во фармацевтската индустрија

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com