СРЕДА, 24 ЈАНУАРИ 2018

Концерт на групата Морал заедно со пријателите во Станица 26

Во недела на 28 јануари, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“ во организација на „3Гонга“ концерт ќе одржи групата „Морал“. Оваа Градска сесија бр. 9 е насловена како „Морал со пријателите“. На концертот ќе бидат отсвирени песните од нивниот последен албум „Coffeine Blues“, но и сите нивни досегашни хитови од првите два албуми. На последниот албум се појавуваат и неколку значајни музички имиња – гости, како Слаткар, Тамара, Игор Џамбазов, Венко Серафимов, Димитар Божиков... а дел од нив се очекува да настапат и на престојниот концерт заедно со Морал. 

post cover photo

Автор на речиси сите песни на овој современ хард рок бенд е Славчо Стојановски. Концертот во „Станица 26“ е замислен како типичен рок концерт со многу енергија и добра свирка.

„После долго време повторно ќе свириме во Скопје. Само посакувам сите поклоници на вистинскиот рок и на македонската музика да присуствуваат на овој концерт и да ни помогнат од овој настан да направиме свирка што ќе се памети“ вели Славчо.

Инаку, групата „Морал“ ја формираше басистот Славчо Стојановски во 1983 година и набрзо по формирањето во првата постава на Морал стана член и гитаристот Венко Серафимов. Во тогашното студио на „Леб и Сол“ го снимија својот прв демо албум. Потоа, Димитар Божиков го менува Венко Серафимов на гитара, а на тапани влегува Сашо Ангелов, кој и денес е во групата. Со Џокси Васич како пеач, групата снима уште еден демо албум, а потоа со Орша Чунихин, кој го заменува Џокси на вокал снимени се десетина песни за МРТ. Оваа постава во 1994 година го сними и првиот официјален албум наречен „Морал“. Албумот и денес е задолжителна лектира за помладите поклоници на тешкиот рок. За првата песна „Ти ме убиваш“ снимена со новиот гитарист Ивица Јорданов во 1998 година снимено е „on road” видео едно од ретките од жанрот на хард рок музиката, кое често се емитуваше на нашите телевизии.

 

Во 2001 година во групата како вокал доаѓа тогашниот тинејџер Влатко Илиевски и оттогаш Морал е со истата постава. Сашо Ангелов на тапани, Ивица Јорданов гитара, Славчо Стојановски на бас и Влатко вокал. Во 2004 година е издаден албумот „Кога патувам“ и со него групата освои и званични признанија како Златна Буба Мара и 12 Величествени.

Кулминација на тој период беше одличниот 45 минутен настап пред легендарните Deep Purple  во Скопје 2005 година. Последен настап на групата беше на „Scream rok“ фестивалот во Охрид заедно со Дивље Јагоде, Прљаво Казалиште и Ван Гог во 2011 година. Изминатите години снимани се нови песни во повеќе студија и при крај на минатата година во издание на „Gorila rekords“објавен е последниот албум „Coffeine Blues“. 

„Концертот ќе биде пред сè промоција на новиот албум, каде што ќе ги отсвириме сите песни, кои заедно сме ги работеле. А покрај тоа ќе биде и концерт каде што ќе има и песни од изминатите 35 години од самите почетоци на Морал. Мене ми е драго што после долго време ќе свириме во Скопје и што Морал сè уште ја има онаа хемија за добра жива свирка на сцена. Се надевам дека ова ќе биде празник за сите сетила и дека ќе направиме вистински македонски рок концерт“ вели Влатко, вокалист на бендот.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com