ЧЕТВРТОК, 25 ЈАНУАРИ 2018

10 работи кои треба да ги знаат новопечените мајки

post cover photo

Јас не сум уморна, јас сум „мртва“ уморна. Јас сум исцрпена до степен што само некој кој се забавувал три дена без помош од нелегани супстанци може да разбере.

Видете, секој знае дека „не спиете многу“ кога имате бебе. Но, тоа не е ни приближно објаснување до лишеноста од сон кога ќе го донесете бебето во домот.

Сега сте дома со бебето и немате идеја што правите. Зошто плаче? Зошто не спие? Дали треба да му ја сменам пелената? Морате да ги направите овие ментални пресметки со ниеден час сон и само да се надевате дека го погодивте точниот одговор. Одгледувањето бебе на почетокот претставува како најсуровото шоу што можете да си го замислите, а наградата е... нема спиење.

Секој дел од телото ми е воспален. Секој!

Во првите неколку недели од мајчинството, можете да ги наброите сите делови од телото кои ве болат на ливче хартија и на крајот да не ви остане доволно хартија. Овде не станува збор само за очигледните болки (вагината, градите и генерално лузната од царскиот рез), тука се и болките во грбот од перницата за доење, болките во рамениците и болките во вашиот стомак благодарение на вашата матка која сè полека се намалува. Затоа ве молам, ако новата мајка сака да се жали, слободно дозволете ѝ.

Храната е секогаш добредојдена, но...

Храната е секогаш добредојдена и кратките посети се добри исто така, но кога е време за да си одите, не се задржувајте подолго отколку што треба. Потребен ни е малку простор – да се одмориме, да се милуваме со бебето, да паничиме насамо – како и храната што ја донесовте.

Кога сме веќе кај храната...

Наместо да прашувате како можете да помогнете, слободно можете да дојдете и да ги измиете садовите

Ниту една нова мајка нема да ја одбие оваа понуда, а е неверојатно добронамерен гест кој секој пријател би можел да го направи. Ве замолуваме, дојдете и измијте ги садовите коишто стојат со денови и ќе ја заработите титулата на „Вечен пријател“.

Успеав да излезам од домот денес и заслужувам награда

Следниот пат кога ќе видите мајка со ново бебе, купете ѝ букет цвеќе. Застанете и аплаудирајте додека минува. Бидејќи воопшто не е лесно да излезете од куќата со новороденото бебе во рацете. Морате да истемпирате сѐ  - да ја промените пелената, да го нахраните детето, најдевајќи се дека ќе заспие и сето тоа додека се облекувате и без да ги заборавите вашите клучеви. Но, напуштањето на куќата не е дури ни најтешкиот дел во работите ќе тргнат наопаку во јавност. Чекате во ред во самопослугата со бебето од 5 недели во рацете и стоите смирени додека чекате автобус. Треба да ни дадете Оскар и чаша шампањ. Го заслуживме тоа.

Исплашена сум, осамена сум, заљубена сум во моето бебе, емотивна сум... Оф Боже, повторно плачам

Мајчинството е емотивен ролеркостер. Припишете го тоа на хормоните, исцрпеноста, седењето дома со бебе кое плаче 24/7 или едноставно поради тоа што вашиот живот толку многу се променил преку ноќ. Доколку сте загрижени дека имаме постпородилна депресија, не се воздржувајте и кажете ни, бидејќи понекогаш ни е тешко да видиме и да признаеме дека ни е потребна помош.

Не се сеќавам како е да имаш тело само за себе

Она што се сеќавам е тоа како е да имате мало суштество поврзано за вашето тело, а потоа како секој оброк му зависи од вас. Јас сум целата животна сила на една мала личност. И навистина чувството наутро кога ќе излезеш од бањата САМА.

Ако ми треба совет, ќе побарам

Понекогаш, доколку сакате да ни пружите поддршка, најдобрата работа што можете да ја направите е да седнете и да слушате. Кога прашуваме и кога се жалиме, тоа не го правиме со цел да ни кажете што треба да правиме, туку едноставно разговарајќи за тоа се обидуваме да сфатиме самите како да го решиме проблемот. А понекогаш едноставно сакаме да се жалиме.

Воопшо не е забавно како што изгледа на мојот Инстаграм профил

Кога ја објавив сликата на која сум среќна и насмеана со малото бебенце, јас исто така му се развикав на мојот сопруг, си истурив кафе на панталоните и испратив грешна е-пошта. Социјалните мрежи се една голема илузија, но сепак не заборавајте да ми ги лајкнете најновите објави.

Споредете го одгледувањето на бебе со домашно милениче и засекогаш ќе ве осудувам

Направете го ова и нашето пријателство ќе заврши дури кажете дека треба да го пуштите миленичето надвор за да изврши нужда.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com