ПЕТОК, 26 ЈАНУАРИ 2018

Вистинската, зрела дама вака го уредува својот дом: 8 работи за кои повеќе нема место!

Време е за преуредување на домот, а првиот чекор е отстранување на непотребните работи!

post cover photo

Како и сè останато, така и вкусот за уредување на ентериерот се менува со годините. Сите за себе сакаат животен простор во кој ќе се чувствуваат пријатно, но при уредувањето многу често се случува да направите грешка, односно да ги задржувате работите кои одамна сте требале да ги исфрлите.

Пано со фотографии и исечоци

Неговото место е во собата на тинејџерите или студентите, а не во станот на возрасна личност. Омилените фотографии, исечоци или други спомени кои ги чувате на паното, заштитете ги од прашината и ставете ги во убава рамка, а потоа закачете ги на ѕидот така што ќе добиете прекрасна галерија.

Стариот мебел

Ако веќе мебелот на кој седите е расклатен, а перниците се скоро и невидливи поради тоа што се смалени, време е вашиот мебел да отиде во заборав. Заменете го со нов мебел, денеска има навистина голем избор, а притоа и модели кои вашиот дом ќе го направат пријатно и удобно место за уживање.

Вреќи за седење

Вреќите за седење и другиот тинејџерски мебел време е да го подарите на некоја помлада личност и да направите простор за нов мебел за седење. Класичните фотелји се одличен избор, а покрај тоа се полесни и поудобни за седење.

Празни шишиња

Голем број на луѓе во студентските денови имале период кога чувале шишиња од испиениот алкохол. Но, овие спомени беспотребно зафаќаат премногу драгоцен простор, па затоа е време да ги исфрлите сите празни шишиња, а можете да ги замените и со нови, полни.

Распар садови

Сè уште имате од оние 10 чинии со различни големини и бои кои ги комбинирате со шарен и различен прибор за јадење? Оставете ги во минатото и подновете се со нови садови, кои убаво ќе изгледаат, ќе бидат идентични и совршено ќе ја надополнат вашата кујна. Покрај тоа, јадењето ќе ви биде уште поголемо задоволство и ќе се чувствувате прекрасно кога ќе ги послужувате гостите и останатите членови од семејството.

Старата постелнина и пешкири со флеки

Овие работи можете да ги исечете и да ги користите како крпи за чистење на домот, а себе израдувајте се со нова постелнина и нови пешкири, кои спиењето и бањањето ќе ги направат поубави.

Кич осветлување

Лава ламбата како и другите предмети кои светат во темница време е да ги испратите во пензија или да ги преселите во детската соба, бидејќи таму е нивното вистинско место.

Постери и плакати без рамки

Плакатот од омилениот филм или постерот од омилениот артист кој веќе со години го чувате на ѕидот, сигурно е веќе поприлично уништен. Ако не можете и не сакате да го фрлите, тогаш урамете го. Нa тој начин ќе изгледа подобро и ќе го сочувате неговиот изглед.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com