Веројатно не сте забележале, но можеби имате некои „пријатели“ кои треба да почнете да ги избегнувате.
Средувањето на вашиот плакар и расчистувањето на непотребните работи од фиоките на вашата работна маса можат да помогнат доколку сакате да си го средите животот, но дали ги земале предвид вашите пријателски односи?
Некои луѓе навистина можат да имаат отровно влијание врз вашиот живот, па затоа понекогаш е важно да погледнете наоколу и да сфатите кои се луѓето коишто сакате да бидат присутни во вашиот живот.
Прифатливо е ако вашите пријатели имаат моменти на љубомора кога ќе отидете на неверојатен одмор или ќе се омажите, тоа е нормално до одреден степен. Но, сосема неприфатливо е доколку вашиот пријател воопшто не се радува за вас кога ќе ви се случи нешто добро. Тоа е многу повеќе од љубомора, тоа е злобно.
Дали некогаш сте имале пријатели коишто секогаш ви се јавуваат да ви раскажат колку им бил лош денот и колку им е драматичен животот, но никогаш не ве прашуваат вие како сте и каков бил вашиот ден. А најтрагично е тоа што, штом почнете да раскажувате за вас, тие секогаш имаат оправдување дека се зафатени. Доколку имате ваков пријател, време е да се оддалечите.
Дали сте имале пријател којшто секојпат кога ќе почнете да раскажувате за себе, е заинтересирани само за најновите гласини? Тие сакаат да разговараат само за најновите случувања на Фејсбук, кој бил отпуштен од работа или како биле облечени другите. Овој вид на разговор е многу исцрпувачки.
Доколку одговорот е ДА, време е за промени и нови пријателства.
Дали мислите дека е во ред, секогаш кога ќе се договорите да се видите со овој пријател доаѓа со својот партнер? Одговорот е НЕ.
Дали сте имале искуство со пријател којшто постојано ви е налутен и вознемирен за нешто, а вие не можете ни да претпоставите што е тоа? Постојано го прашувате доколку постои некој проблем, но одговорот е секогаш ист – сѐ е во ред.
Ова се случува и кај многу долгогодишни пријателства и може да предизвика голем проблем во меѓусебната комуникација и нормално, да се одрази врз вашиот однос. Можеби сте биле пријатели многу долго време, но доколку вашиот пријател се претвори во еден од овие видови пријатели, можеби е време да се направат некои промени.