САБОТА, 03 ФЕВРУАРИ 2018

Растенијата - природна лабораторија

Новите истражувања покажуваат дека растенијата можат да го намалат ризикот од рак, да ги спречат кардиоваскуларните заболувања, па дури и да ја зајакнат вашата интелектуална моќ. Еве 6 моќни растенија кои можете да ги додадете во вашата исхрана.

post cover photo

Боровинка

Активните компоненти од етеричното масло на боровинката дејствуваат како диуретик и ја зајакнуваат подвижноста на болните зглобови, дури и до нивно зелосно заздравување. Во лековитите третмани се користат коренот, листовите и плодот на боровинката. Од коренот и лисјата се подготвува чај, а свежиот плод се користи во исхраната. При лекување на болестите на зглобовите се применува во вид на масти и масла кои се тријат на болните места со масажа или се ставаат студени облоги од чајот.

Роза

Розата е растение што ги краси нашите дворови. Има прекрасен мирис, а нејзините листови имаат и многу лековито дејство. Тие содржат танини и етерични масла кои лековито дејствуваат врз дигестивниот систем, особено на желудникот и цревата. Имаа значајни ефекти кај луѓето кои често патат од дијареа. Се подготвуваат како чај или од нив се прави слатко. Слаткото од рози се користи и против белодробни заболувања.

Ѓумбир

Ова растение ја подобрува циркулацијата на крвта и е добро против тромбоза. Дејствува поволно на системот за варење, бидејќи ја стимулира продукцијата на желудочните мускули, а ги апсорбира и ги неутрализира отровите во желудникот, со што помага при грчеви и лошо варење. На системот за дишење делува како анитсептик, помагајќи при воспаление на дишните патишта, астма, воспаленија на синусите и крајниците. Ефикасен е и кај настинки, грипови и воспаленија на урогениталниот систем, особено кај мочниот меур.

Рузмарин

Етеричното масло и флавоноидите ја поттикнуваат циркулацијата, што влијае врз регулирање на крвниот притисок. Под влијание на овие состојки на рузмаринот, се зголемува протокот на крвта, па ткивото близу зглобовите и зглобната чашка подобро се снабдува со крв, а зглобната ракавица подобро се храни. Заради неговиот прекрасен мирис, се употребува и во козметичката индустрија.

Магдонос

Ова растение се зелена боја, мека структура и остар вкус, исто така, е богато со антиканцерогени супстанци и е одлично оружје против ракот. Магдоносот ја спречува и појавата на тумори и го намалува холестеролот. Во својот состав содржи и витамин Ц, бетакаротин, витамини од групата Б, калциум и железо. Тој има својство да го неутрализира штетното дејство на цигарите, а познат е и по своето диуретично дејство и се користи како додаток во исхраната или како чај.

Нане

Нането е растение многу познато кај нас, препознатливо по неговиот силен мирис на ментол. Ја подобрува работата на органите за варење, желудникот и цревата. Лекува камен во жолчката и исто така, делува на смирување на нервниот систем. Најчесто се употребува како чај, понекогаш и во некои јадења, но може и надворешно да се употреби. Надворешната примена на нането разладува, освежува, ја намалува болката, па дури и ја олеснува подвижноста кај реумата.

 

 

 

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com