НЕДЕЛА, 04 ФЕВРУАРИ 2018

Совршена топла напивка

Еден кинески писател го напишал следново за чајот:

„Чајот е највредното растение на светот. Пиј чај и твојот дух ќе биде жив и бистар. Чајот ја истерува секоја нечистотија од човекот, го растерува лошиот сон, чува и лекува од главоболка, па поради тоа го цени целиот свет.“

post cover photo

Чајот е кинески народен пијалaк. Кинезите го пијат по цел ден и по секое јадење. Чајот им служи за гаснење на жедта. Во мочуришните краишта водата е полна со заразни бактерии и тука чајот е извонредна замена за водата.

Добро-воспитаниот кинез мора да знае да свари добар чај. Во Кина чајот не се продава само по хотелите и по рестораните, туку и по улиците, како кај нас печените костени.

 

За потеклото на чајот една јапонска приказна вели вака: некој свештеник од Индија кој проповедал будизам пристигнал во Кина. Кога ноќе долго се молел, очите му се затворале за спиење. Свештеникот се налутил поради својата слабост, а за казна си ги отсекол веѓите заедно со клепките на очите и ги фрлил на земја. Од нив пораснала грмушка. Потоа, свештеникот од лисјата од грмушката направил чај и кога го вкусил се почувствувал свеж и полн со енергија. Му минала сонливоста, а мозокот сосем му се разбистрил. За тоа откритие им кажал на своите ученици, па наскоро новиот пијалак нашол многу љубители.

Од кинезите чајот го презеле и другите азиски народи. Интересно е што само јапонците го пијат чајот како и кинезите, без какви било додатоци. Монголците го мешаат со мирудии и путер, а англичаните му додаваат шеќер, млеко или путер. Ние обично го пиеме со рум или со лимон и секогаш му додаваме шеќер. И тука важи поговорката дека секој јадењето и пиењето ги подготвува според својот вкус.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com