ПОНЕДЕЛНИК, 05 ФЕВРУАРИ 2018

Црвената коса - трендовски хит

Русокосите се симпатични, темните кралици се прекрасни, но доколку сакате да бидете огнени, модерни и волшебни, одберете една од црвените нијанси. Актерката Џулијен Мур е совршен пример колку црвената коса може да биде убава и моќна, дури и повеќе од русата коса. Црвената боја е многу секси, гламурозна и има голем сјај, но пред да одлучите да ја промените бојата на косата и да станете една од црвенокосите божици, треба да бидете внимателни која нијанса на црвено ќе ја одберете и подгответе се да ја негувате ваша коса повеќе отколку порано.

post cover photo

Не брзајте со изборот на нијансата

Речиси секој може да ја бојадиса косата црвена, но мора да внимавате на вашиот карактер. За да носите црвена, мора да имате силен карактер, во спротивно - косата вас ќе ве „носи“. До неодамна беше многу тешко да добие вистинската нијанса на црвената. Но сега, со толку многу достапни нијанси, има за секого по нешто. Не брзајте со изборот, добро размислете, гледајте други црвенокоси за да добиете претстава што најдобро му прилега на вашиот карактер. Најдобро е трансформацијата да ја правите постапно, без драматична разлика. Зборувајте со вашиот фризер и покрај лицето држете ткаенини со различни нијанси на црвено за да видите која од нив најдобро ќе му прилега на вашиот тен.

Внимавајте на тенот

Треба да внимавате и на вашиот тен бидејќи има потопли и поладни црвени бои. Жените со розов тен или оние што сакаат розова шминка не треба косата да ја бојадисуваат „џиш-црвено“, туку треба да се држат до бакарно-златните тонови. Доколку кожата ви е жолтеникава, одбегнувајте ги златно-црвените тонови бидејќи во спротивно ќе изгледате како да сте болни, подобро одберете црвено-костенливи. Потемните црвени тонови најдобро прилегаат на тен со боја на кајсија или праска. Нијансите на махагони најдобро прилегаат на жени со потемен тен и со темна природна боја на коса, додека покласичните тонови на црвената, бронзено-црвената, најдобро прилегаат на светол тен со светли очи.

Природното е подобро

Подобро е да одберете црвена боја што е послична со вашата природна боја на коса. Доколку сте темна бринета, не одете кон русоцрвеникавите бои. Но што ако сте се одлучиле на драстична промена? Тогаш најдобро е тоа да го направите во салон (особено ако имате руси перчиња, бидејќи во нестручни раце тие може да станат розови).

Подготвени за бојадисување

Пред да ја бојадисате косата, најдобро е да ја измиете и да нанесете регенератор. На тој начин бојата полесно и рамномерно ќе ја нанесете. Бојата оставете ја да стои онолку колку што пишува во упатството. Доколку ја измиете предвреме, може да се добијат несакани резултати. Не мора да плашите од предолго држење, повеќето бои престануваат да дејствуваат по 30 минути.

Обновувајте го сјајот

Заборавете на секојдневното пеглање или други топли помагала бидејќи брзо ќе се загубат саканата боја и сјај. Потребно е бојата да ја обновувате најмалку на 6 недели. Што повеќе се оддалечувате од вашата природна нијанса, одржувањето е поголемо. Светли врвови, темен корен... лоша комбинација. Експертите советуваат црвената коса да се третира слично како оштетената коса, употребувајќи повеќе навлажнувачи и серуми. Тие велат дека регенераторите се од витално значење за црвената коса - таа мора да свети, во спротивно ќе изгледа ужасно. Еден од најголемите проблеми со огненоцрвените коси е што кога бледнее бојата, краевите на косата изгледаат како слама. За да ја одржувате црвената коса сјајна и совршена, меѓу две бојадисувања нанесувајте соодветен црвен колор-шампон.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com