ВТОРНИК, 06 ФЕВРУАРИ 2018

За жените!

Постојат многу работи кои на мажите им се секси кај жените, а разголеноста не е една од нив.

post cover photo

Изразот на лицето кога ви упатуваат комплименти

Понекогаш не знаете колку сте секси, па затоа тука се мажите да ве потсетат на тоа. Во тој момент сте толку слатки што истовреме сте изненадени и срамежливи, но тоа е крајно волшебно и ја открива вашата ранлива страна. Едноставно магично.

Кога се смеете со целото свое срце и душа

Искрената насмевка е нешто најпривлечно кај една жена. Најдобрата шминка е насмевка. Кога се смеете од сè срце, тогаш за мажите сте најатрактивната жена на светот, а во тој момент мислите што им се мотаат во главата вклучуваат: кревет, страст и жестокост.

Кога танцувате како никој да не ве гледа

Високите потпетици паѓаат, замавнувате со косата и целосно се препуштате на музиката да ве води, а одвреме навреме се погледнувате во огледало и уживате во своето друштво. Прекрасна глетка!

Кога ќе се напиете и се однесувате како големо дете (во добра смисла)

Кога малку ќе се поднапиете, се опуштате и ја губите сериозноста. Мажите се тука за да ви помогнат, доколку не можете да ги соблечете високите потпетици.

Кога мирно и самоуверено се справувате со тешка ситуација

Колку и да сакаат да ве поддржат мажите, кога вие паничите и тие паничат. Но, кога ќе си дојдете при себе и мирно и самуверено ќе се справите со пречките кои ви стојат на патот, вие едноставно сте супер жена за нив.

Кога не носите шминка

Одржувањето на изледот кога сте во врска, може да биде напорно и бесцелно. Мажите многу повеќе би сакале да бидат со партнерка која не се плаши да биде своја и која се чувствува доволно удобно да го помине денот без шминка и во својата омилена опуштена облека. И онака мажите си замислуваат што има под облеката.

Кога ќе направите топла вечера од остатоците од храна

Топла вечера подготвена со малку труд и многу љубов за специјална личност. Нема ништо посекси од тоа.

Кога ги поддржувате да го дадат најдоброто од себе

На мажите понекогаш им треба некој да ги води и постојано да ги потсетува за важните работи. Доволно е само да ги потсетите на роденденот на пријателот, да најдете некоја веб-страница и уште многу ситни работи што им го олеснуваат секојдневието и тие ќе ви бидат благодарни за цел живот.

Кога ги откачувате

Кога ви е потребно малку време да бидете сами или едноставно сакате да излезете со пријателките и кога сте толку независни.  Оддалеченоста ја прави љубовта посилна, па дури и кога сте во другата просторија. 

Кога шетате низ куќата не знаејќи дека ви се восхитуваат 

Мажите постојано ве набљудуваат. Кога читате списание, кога гледате телевизија, кога телефонирате или кога едноставно одите од едната соба во другата и потајно ве соблекуваат со своите очи.

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com