ВТОРНИК, 06 ФЕВРУАРИ 2018

Љубовната лекција што треба да ја научите според хороскопскиот знак

Животот се состои од подеми и падови. Низ нашето животно патување учиме важни лекции. За да бидете среќни во љубовта, мора да научите одредена лекција врз основа на хороскопскиот знак. Проверете која е вашата.

post cover photo

Овен

Кога станува збор за животот и љубовта, вие зрачите со самодоверба, а оваа година не е исклуќок од тоа. Но, треба да научите да ја контролите својата огнена желба брзо да доаѓате до заклучоци. Врската не се врти само околку вас, треба да ги задоволите и потребите на партнерот. Прашајте го Ракот која е неговата тајна.

Бик

На бикот му треба врска во која ќе може да се релаксира. Можеби успеавте да го добиете тоа во вашите партнеркски или пријателски односи, но вашата љубов треба уште да расте и созрева, особено ако се работи за спознавање на разликата помеѓу љубов и  обврска. Вагата најдобро го знае тоа.

Близнаци

Кога близнаците се во потрага по врска, тие всушност го бараат својот долго изгубен близнак. Оваа година ќе сфатите дека таа личност всушнот живее во вас. Вие сте вашиот најблизок роднина. Кога че ја научите оваа лекција, ќе престанете да го губите своето јас во вашите врски. Можеби сега е поволен период да ја прашате Водолијата како успева во тоа.

Рак

Ракови, не треба да бидете премногу чувствителни и да се затворате во својата безбедносна зона секојпат кога ќе се заљубите. Оваа година ќе ви се пружат можности во кои ќе можете да бидете истовремени цврсти и чувствителни. Раковите живеат помеѓу песокот и морето. Вашиот предизвик за оваа година е да научите како да не одите во крајности. Лавот многу добро знае што значи да се биде храбар.

Лав

Лавовите го обожаваат сјајот и гламурот во центарот на вниманието, но во 2018 година ќе покажете каква личност сте навистина. Вашата гордост може да ви донесе голем број партнерства што можеби и не се доби за вас. Годинешната лекција е да научите да се сакате себеси како што тоа им го претставувате на светот околу вас. Кога ќе го научите тоа, ќе престанете да сакате на начин на кој се обидувате да докажете нешто. Стрелецот ги има најдобрите совети на оваа тема.

Девица

Што се однесува до девиците, оваа година ќе преферираат стабилност во партнерските односи. Оваа година ќе ве научи како да го дефинирате начинот на кој им пристапувате на таквите односи. Истражувањето на нови структури во рамките на вашите партнерства ќе и даде на вашата љубов јасни дефиниции. Прашајте ги Рибите како да ја зачувате старата љубов како нова.

Вага

Ваги, вие сте многу добри во истражувањето на сите начини за да не бидете сами со себе. Да се опкружите со луѓе кои ве сакаат е одлична работа, но 2018 ќе ве натера да навлезете во тајните кои ги крие вашата душа. Предизвикот за вас е да ги истражите необележаните територии и да уживате сами во своето друштво.

Скорпија

Оваа година ќе биде клучна за вашите романтични врски и ќе научите како да сурфате кога ќе надојдат бранови на пресврт. Кога ви се заканува уништување од страна на вашиот љубовен живот, вие имате тенденција да боцнете кадешто најмногу боли. Оваа година ќе мора да научите како да го контролирате и насочувате вашиот отров кон вистинските места што треба да бидат уништени за да може да порасне нешто поубаво.

Стрелец

Оваа година од вас се бара да бидете искрени и да ги откриете сите тајни кои толку долго време ги чувавте за себе. Морате да се ослободите од старите работи за да им отстапите простор на новите работи кои доаѓаат. Прекрасна романса е на повидок која ќе ве натера да ги заборавите сите дефиниции што претходно сте ги имале за љубовта. Затоа ќе почнете поинаку да гледате на животот и ќе почнете да изучувате нова филозофија на животот. 

Јарец

Ова е вашата година на ослободување. Време е да ги срушите ѕидовите коишто сте ги изградиле околу поимот за партнерство. Спротивставете им се на досегашните ставови кои ги имавте за работата и семејството. Време е за револуционерни промени за да доживеете револуционерна љубов.

Водолија

Доста глумите. Има и време и место за тоа. Важните лекции што треба да ги научите годинава се поврзани со зборувањето и тишината. Треба да научите кој момент е погоден да го искажете своето мислење, а кога треба да замолчите.

Риби

Вие имате тенденција секогаш да го истражувате подлабочинското во една романтична врска, но овојпат, истражувајте ти тие простори во вашите соништа. Тоа значи да се држите до вашите принципи и да се тргнете од врските кои ви ја црпат енергијата. Скорпијата најдобро знае да се одбрани, можеби има некој одбранбен совет за вас.

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com