СРЕДА, 07 ФЕВРУАРИ 2018

Придобивките на сауната

Сауната е одлично место кадешто можете да се опуштите после долг напорен ден, да се дружите со пријателките, да се опоравите по напорниот тренинг или едноставно само да уживате. Прочитајте кои се придобивките од посетата и терапијата во сауна.

post cover photo

Ги отстранува токсините

Еден од начините на кој човечкото тело ги исфрла токсините е преку потење. Зголеменото потење е многу ефикасен начин да го исчистите вашето тело од токсините што се насобрале. Сауната е совршениот избор. Во интензивните топли сесии, ќе се испотите, ќе ги отстраните токсините и пред сè, ќе уживате.

Ја намалува телесна тежина

Оваа терапија е одлична за губење на неколку килограми со минимален напор. За време на терапијата, срцевите отчукувања се забрзуваат поради сувата топлина. Експертите сoоопштиваат дека 20 минутна сесија на 75 Целзиусови степени согорува 500 калории. Метаболизмот се забрзува како да сте вежбале во теретана и е одличен начин за одржување на вашата фигура.

Го штити имунитетот

Заштита на имунитетниот систем е уште една од придобивките од терапијата во сауна. Сауната му помага на имунитетниот систем да произведува бели крвни клетки коишто се борат против болестите и инфекциите. Доколку редовно посетувате сауна, ќе имате поголем број бели крвни клетки, тие ќе бидат посилни и доколку се разболите, многу побрзо ќе оздравите благодарение на топлото уживање.

Социјална интеракција

Сауните се одлично место за релаксација и дружба со пријателите, а и место каде што може да запознаете нови пријатели.

Подобрување на спортските перформанси

Телото има одредено ниво на толеранција на топлина. Редовното посетување на сауната ќе го зголеми прагот на толеранција на топлина. Тоа значи значително подобрување на перформансите при тренинзите на издржливост. Ќе се чувствувате помалку уморно и ќе можете да го одржите нивото на енергија во текот на подолг временски период.

Вашата коса ќе изгледа беспрекорно

На скалпот на главата постои посебна жлезда која лачи соединенија кои придонесуваат за налажнување на косата. Посетата на сауна ќе ја активира оваа жлезда и ќе придонесе за изгледот на вашата коса. Скапите и ризични производи за коса ќе станат минато, бидејќи вашата коса ќе изгледа одлично.

Опуштање на мускулите по напорен тренинг

Денес, голем број теретани и спортски сали имаат и сауни, а за тоа имаат многу добра причина. Сауната помага да ги опуштите мускулите после вежбање и да се опоравите од напорниот тренинг. Протокот на крв се зголемува при терапијата и им помага на мускулите побрзо да се опорават и ви помага побрзо да се опуштите.

Помлад изглед

Кожата е исто така многу важен дел од телото. Сауната и редовното вежбање треба да ви бидат на прво место кога станува збор за нега на вашата кожа. Со текот на годините кожата старее и голем број мртви клетки се акумулираат на порите на кожата и таа станува помалку еластична. Неколку сесии во сауна ќе го подобрат протокот на крв, што ќе ѝ помогне на вашата кожа да се обнови и да ги отстрани мртвите клетки. Кога се грижите за вашата кожа и здравје, вашето тело ќе ви возврати со помлад и посвеж изглед.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com