ЧЕТВРТОК, 08 ФЕВРУАРИ 2018

Алое вера - растение на бесмртноста

Познато на египќаните како растение за бесмртност и на индијанците како магично стапче, алое вера доаѓа со широк спектар на неверојатни лековити својства - од кои за некои можеби веќе знаете. Сигурно дома чувате алое вера за оние мали итни случаи како чешање, изгореници и рани. Но, дали знаете дека алое вера не е ограничена само на локална употреба и всушност е уште поповолна за вашето тело кога се зема внатрешно?

Алое вера содржи повеќе од 200 биолошки активни, природни состојки кои вклучуваат полисахариди, витамини, ензими, аминокиселини и минерали. Исто така, поседува антибактериски, анти-вирусни и анти-габични својства кои му помагаат на имунолошкиот систем во чистењето на телото на токсините и напаѓачките патогени. Но, тоа не е сè што алое вера има да понуди.

 post cover photo

Минерали

Алое вера содржи голем број минерали вклучувајќи: калциум, магнезиум, цинк, хром, селен, натриум, железо, бакар и манган. Сите овие минерали работат во корист на метаболизмот.

Ензими

Покрај минералите, алое вера содржи и ензими како што се амилаза и липаза кои помагаат во варењето на храната разградувајќи ги молекулите на шеќер и маснотии.

Витамини

Едно истражување покажа дека алое вера всушност содржи и витамин Б12, што е потребен за производството на црвени крвни клетки. Тоа се одлични вести за вегетаријанците и веганите коишто преку својата редовна исхрана не го примаат доволна количина овој витамин. Ова лековито растение е извор и на витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3 (нијацин) и Б6. Иако не може целосно да се потпрете на алое како извор на Б12, со сигурност ќе се зголеми внесот на овој витамин.

Аминокиселини

Аминокиселините, исто така се наоѓаат во алое вера, всушност има 20-22 аминокиселини што се од суштествено значење за човечкото тело, а присутна е и салицилната киселина којашто се бори против воспаление и бактерии.

Друга употреба на алое вера

Освен што ефикасно го чисти телото и ги отстранува токсичнте материи од желудникот, бубрезите, слезината, мочниот меур, црниот дроб и дебелото црево, алоето исто така ефикасно делува и врз дигестијата, вознемирен стомак, чиреви и воспаление на цревата. Исто така, го зајакнува дигестивниот тракт и го ублажува воспалението на зглобовите и е идеалниот избор за оние кои страдаат од артритис.

Истражувањата, исто така покажуваат дека сокот од алое вера, кога се зема на истиот начин како и средствата за плакнење на устата, е исто толку ефикасен како и нивната активна состојка, хлорокексидин. Оваа опција е многу подобра алтернитива бидејќи е на природна база, за разлика од производите во продавниците. Гелот од алое вера пак, делува врз усните чирови кои се појавуваат во внатрешноста на устата од нечистотија и бактерии.

Како да се внесува алое вера?

Алое верата може да се внесува дирекно од растението, но најлесната и најзастапената опција е преку сокот од алое вера, кој можете да го најдете во повеќето продавници за здрава храна. Исто така, можете да ги купите и листовите од ова растение во многу продавници за зеленчук и овошје.

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com