НЕДЕЛА, 11 ФЕВРУАРИ 2018

30 знаци дека навистина ве сака

Љубовта е прекрасна работа. Но....., истовремено е и ризична работа. Најтешкиот дел е да дознаете дали тој навистина ве сака, бидејќи некои момци навистина имаат и распологаат со добри трикови додека вие безусловно ја давате својата љубов. Од една страна, кога една жена е вљубена, таа секогаш го слуша своето срце. Од друга страна, мажот знае многу добро да ја камуфлира својата „љубов“ кон вас. Но, запомнете, љубовта не е во големите нешта, љубовта е во малите нешта што ги прави тој за вас.

Погледнете ја листата на знаци за сигурна љубов.

post cover photo

Секое утро ви испраќа порака, вие сте неговата прва мисла наутро.

Ви кажува и покажува дека ве сака пред неговите пријатели и во јавност.

Ве придружува на вашите семејни забави и прослави.

Прави по милион „селфи“ фотографии, дури вие не ја изберете вистинската.

Кога сте болни, тој секогаш се грижи за вас.

Кога сакате да одите на шопинг, тој ви прави друштво и ви помага во изборот.

Тој навистина ве сака кога ја јаде загорената и не толку вкусна храна што сте ја зготвиле.

Ви приредува изненадувања - романтични картички и подароци во секое време и секој ден, без причина.

Секогаш предвреме го планира вашиот роденденски подарок.

Танцува со вас, и покрај тоа што танцувањето не му е јака страна.

Ве покрива со својата јакна во студената ноќ.

Го носи „прекрасниот“ џемпер што сте му го купиле само за да ве усреќи.

Не гледа во други жени, бидејќи е заинтересиран само за вас.

По вашиот напорен ден на работа, ги мие садовите и покрај тоа што вас ви било ред.

Ви купува тампони и не му е гајле што мислат другите за тоа.

Кога имате итна ситуација, ги откажува сите планови и доаѓа право кај вас.

Секогаш доаѓа на фамилијарните вечери, иако можеби не му се допаѓа тоа.

Ви подготвува вкусна вечера, секојпат кога сте изморени и не ви се готви.

Иако ве советува да не пиете многу, ќе ви помогне да ги исфрлите токсичните супстанци од вашето тело и да повратите.

Ги гледа сите ТВ емисии и серии што вас ви се допаѓаат (не него).

Секогаш ви сервира прво вас на трпезата.

Кога доаѓаат „оние денови“ во месецот и се чувствувате без енергија, ќе направи сè за да ве релаксира и да се чувствувате подобро.

Кога имате караница секогаш се извинува, бидејќи не сака да ве гледа нервозни.

Летањето со авион не е неговиот прв избор, но патува со вас со цел да го имате одморот од соништата.

Кога оди да пазарува, секогаш знае кои се вашите омилени производи вклучувајќи ги и производите за убавина.

Вашето `рчење не го нервира, напротив, баш му е „слатко“.

Не може да си го замисли денот без вас, а да не зборуваме за животот.

Тој е добар слушател и никогаш не ве прекинува додека зборувате.

Спие само на мал дел од креветот, затоа што „принцезата“ сака да спие на цел кревет.

Секогаш ве заштитува.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com