ПОНЕДЕЛНИК, 12 ФЕВРУАРИ 2018

10 видови храна што мора да ги пробате во Европа

Пица, кроасани, крем brûlée, Wiener Schnitzel, тестенини... Дали треба да продолжиме? Да, Европа е дом на неверојатна храна. Прочитајте за 10 видови храна што мора да ги пробате во Европа.
За европската храна има многу повеќе да се зборува отколку за европските класици, кои можеби не се толку добро познати, но со сигурност се вкусни.

post cover photo

Ирска чорба, Ирска

Некои готвачи во Ирска инсистираат само на овчо месо, кромид и компир, столбот на ирската исхрана од 19-тиот век, додека пак некои амбициозни готвачи додаваат говедско месо, автентичен вкус на Гинес или други ароми. Но, без оглед на состојките, ова јадење, кое првично настанло од сиромаштија, прави да се чувствувате навистина богато.

Неделно печено говедско месо, Англија

Кога ќе ја посетите оваа земја, може да го слушнете терминот "rosbif" ("печено говедско месо"), а причината е многу едонставна, недела е ден невремето за печено говедско месо. Се сервира со Јоркширски пудинг, кој истовремено се прави во рерната, така што соковите од говедското месо може да се истурат и да му дадат богат вкус на пудингот.

Хагис, Шкотска

Хагис е шкотско традиционално јадење кое се состои од внатрешноста на овците со овес и зачини кои се варат во торба, традиционално направена од стомакот на животното.

Фонду, Швајцарија

„Само со сирење, ќе ве молам!“ стана сензација во Швајцарија уште во 1930-тите како алпски стил на комунално јадење. 

Котбулар (ќофтиња), Шведска

Направени со млеко и натопени во лебни трошки и мелено месо, (свинско, па дури и телешко месо), овие слатки топчиња се обложени во крем сос и се одличен избор за студената нордиска ноќ.

Паела, Шпанија

Шпански деликатес во сад од ориз, шафран, пилешко, морска храна, итн, сварен и сервиран во големи плитки чинии. Името го добил по големиот сад во кој се готви и денес претставува синоним за Шпанија. Меѓутоа, за Шпанците, тоа е специјалитет што доаѓа од Валенсија.

Суфлаки, Грција

Суфлаки, спомнато уште во делата на Аристофан и Аристотел, буквално значи "камен". Секојпат кога сте во Грција, едноставно е неизбежно да се почастите грчко свинско месо на стап, кое се сервира со топла пита и компир, а откако ќе го изедете ќе ви стане јасно зошто опстанало низ годините.

Палачинки, Франција

Со што да започнете во главниот град на „високата“ кујна? Со палачинка, секако. Бретонски регионален специјалитет и национална сензација, палачинка е поим за едноставна убавина.

Виенска шницла, Австија

Шницла со нудлс? „Најн“. Не звучи примамливо. Традиционалниот деликатес од пржено телешко во Виена се служи со лимон, џем од шумски боровинки и Ердапфел (германски) компир салата, а понекогаш дури и со помфрит. Бонус поени, ако порцијата е колку големината на вашата глава, како што ќе најдете во некои амбициозни виенски ресторани.

Шпагети карбонара, Италија

Не знаеме дали папата е обожавател на карбонара, омилената храна на пастирите и рударите за јаглен, но бидејќи тој е Епископот на Рим, би сакале да си мислиме дека да.

 

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com