ЧЕТВРТОК, 15 ФЕВРУАРИ 2018

Дом прекриен со илузија на пространост

Килимите се многу важен функционален и декоративен елемент во домот. Во последно време тие станаа многу попопуларни од прекривањето на просториите од ѕид до ѕид, употребата на теписони и синтелони. Секогаш кога имате на ум да купите некој килим, треба да размислувате исто како кога купувате фустан или костум, имајќи ги предвид бојата, стилот и дизајнот. Килимите можат да ја осветлат собата, да направат да изгледа поголема или пак да ја разделат на две посебни целини.

post cover photo

Спална соба

Кога размислувате каков килим да ставите во спалната соба треба да внимавате на секој детаљ, од материјалот на прекривките, мебелот, па сè до видот на тапетите. Ако ѕидовите ви се прекриени со тапети треба да изберете килим во една боја, за да не внесе чувство на конфузија и пренатрупаност. При купувањето на нов килим, прво што треба да имате на ум е видот на собата во која ќе го ставите. Во спалната обично сакаме да чувствуваме спокој и удобност,, па затоа треба да побарате нешто едноставно и со некоја плетка.

Дневна соба

Ако сте подготвени да инвестирате многу пари во килим, бидете сигурни дека вашиот избор ќе го направите врз основа на она што навистина ви се допаѓа, отколку да изберете нешто за кое сметате дека подобро би се вклопило во декорот на собата во која планирате да го ставите. Нека не ве демотивира модел со смели шари и сплет на повеќе динамични бои. Потоа, полесно ќе ги направите комбинациите избирајќи две доминантни бои од килимот за ѕидовите. Во тој случај, обидете се боите што ќе преовладуваат во останатиот дел од просторијата да бидат сведени на минимум.

Работна соба

Ако имате проблем со тесни ходници и неискористени претсобја, имајте предвид дека килимите се генијален начин за создавање илузија на простор во тесните простории. Смело ишаран килим со хоризонтални линии во неколку бои совршено може да се вклопи во тесна квадратна работна соба, трансформирајќи ја во посветло и пространо катче.

Ориентален стил

Ако сте љубител на ориенталните стилови и сакате да ја декорирате куќата со турски килими, карактеристични по својата преплетеност на шари и бои, потребно е само прецизно да ги вклучите во вашето опкружување. Ако во вашата омилена просторија веќе функционираат правилата на одредена колорна шема, со неколку мудри потези нема да имате потреба од редекорирање и нарушување на рамнотежата на ентериерот. Кога веќе сте решиле да го прекриете паркетот со турски килими, поставете различни дезени и текстури за да создадете опуштена, боемска атмосфера.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com