НЕДЕЛА, 18 ФЕВРУАРИ 2018

Појадокот е најважен!

Докажано е дека оние лица кои редовно и умерено појадуваат здрава храна, секогаш ќе останат вити. Најновите студии покажаа дека по диетите својата тежина може да ја задржат лицата кои секојдневно појадуваат. Освен тоа, за целосно здравје и на телото и на духот, неопходна е и редовна физичка активност. Годи и долга прошетка или неколку вежби за обликување на телото. Важна е и исхраната богата со јаглеродни хидрати.

post cover photo

Нормална телесна тежина

Суштината на одржувањето нормална телесна тежина не е во тоа да се внесуваат повеќе нискокалорични, а помалку висококалорични продукти, туку нивната исхрана да биде изедначена. Тоа е заклучокот до кој дошле научниците од Државниот универзитет во Пенсилванија и од Интернационалниот универзитет во Мајами. Со истражувањето се опфатени жените со просечна тежина кои во текот на шест дена дневно имале по три оброци. Оброците биле во исто количество и практично со ист вкус, но различниспоред калориската вредност. Пред и по јадењето жените пополнувале прашалник за вкусот на храната и нивното чувство на ситост. Научниците ги објавиле следниве резултати: сите јаделе количинско приближно исти оброци, без оглед на нивната калориска вредност и според сопственото признание, биле поеднакво сити, без оглед на видот на јадењето. Оваа студија претставува добра вест за оние што држат диети, бидејќи укажува на фактот дека „полесните“ јадења не заситуваат помалку отколку висококалоричните јадења.

Мрсна храна - не!

Освен што предизвикува затнување на крвните садови, мрсната храна сериозно може да го оштети човечкиот мозок, тврдат стручните лица од Центарот за геријатриска нега во Торонто. Врз основа на истражувањето што го вршеле врз лабораториски животни, тие констатирале дека големото количество на масти во храната значително ги намалило речиси сите функции на мозокот кај овие животни.

„Зачудува колку полоши резултати при тестирањето постигнаа животните хранети со мрсна храна. До тоа најверојатно доаѓа поради интерференцијата на маснотиите и инсулинот, кои го спречуваат мозокот ефикасно да ја користи гликозата, а тоа може да предизвика трајно оштетување на таканаречените невролошки патишта во мозокот“ – вели д-р Гордон Винкур, шеф на истражувачкиот тим.

Често се случува мрсната храна да предизвика инсулинска резистенција, односно дијабетес. Сето тоа најчесто резултира со дебелина, а познато е дека многу дијабетичари и дебели луѓе имаат проблеми со памтењето. Тоа се поврзува со прекумерното внесување на маснотии во организмот.

Она што е особено загрижувачки е податокот дека младите луѓе во најразвиените земји речиси 40% од потребните калории ги добиваат преку мастите, а тоа е приближно трипати повеќе отколку што е потребно. Имено, според најновите истражувања, од сите калории што во текот на денот ќе се внесат во организмот, повеќе од 15% не смее да потекнуваат од мастите, зашто телото не може да се избори со поголемото количество масти.

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com