ПОНЕДЕЛНИК, 19 ФЕВРУАРИ 2018

Справете се со мрсната кожа и проширените пори

Проширените пори се една од несовршеностите против кои се обидувате да се изборите за да имате здрава и негувана кожа на лицето. Доколку имате мрсна кожа, сигурно добро сте запознаени со оваа проблематика и знаете дека тие најчесто се појавуваат на носот, на брадата и челото. Овој проблем не може целосно да се реши, но со вистинските производи и навики може значително да се намали нивното појавување. Единствено што треба да направите е да ги следите овие чекори.

post cover photo

Детергент

Чистењето на лицето наутро и навечер на правилниот начин е прв и основен чекор. Меѓутоа, постојат детергенти кои влијаат агресивно и ја сушат кожата, па затоа е подобро да ги изберете оние со нормална pH вредност, без силициум и и салицилна киселина што имаат астрингентно влијание. Обидете се еднаш неделно да додадете неколку капки од есенцијални масла како: рузмарин, лаванда или босилек за подлабоко чистење на кожата.

Ексфолијант

Ексфолирањето, исто така, не смее да биде премногу агресивно. Тоа треба да ја исчисти кожата и да ги отстрани мртвите клетки, регенерирајќи ја кожата. Затоа се препорачуваат производи кои имаат ефект и на детоксификација и содржат природни состојки кои не ја иритираат кожата за свеж и блескав изглед на кожата.

Тоник

Друг чекор што не можете да го прескокнете ако имате проширени пори е тоникот. Изборот на вистинскиот тоник може да направи огромна разлика, всушност, специфичните тоници за нечиста кожа можат да содржат премногу алкохол и да ја исушат кожата, а со тоа произведуваат уште повеќе себум. Се препорачува тоник за деликатна кожа со астрингентни својства, како оние што содржат јаболков оцет.

Маска

Со цел да ѝ помогнете на кожата да се бори со проширените пори, маските за лице се многу ефикасни, особено оние со зелена глина, алое вера и мед или овес, кои имаат астрингентно, но исто така и навлажнувачко својство. Оние кои сакаат домашни лекови со природни состојки може да пробаат маска со мед, лимон, јаболко и јогурт.

Крема

Изборот на крема е уште еден многу важен чекор, затоа што кремата треба на кожата да ѝ ја даде потребната хидратација, а воедно да го спречи вишокот на себум и да ги затвори порите. Затоа, се препорачуваат производи без масла и кои го регулираат себумот и ги минимизираат несовршеностите.

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com