ВТОРНИК, 20 ФЕВРУАРИ 2018

10 бесплатни канали за вежбање јога

Посакувате да присуствувате на дневни групни сесии за јога во локалното студио, но некогаш животот ве спречува. Не се грижете ако парите, времето или близината на доброто студио е вашата пречка за редовна практика. Денес постојат многу бесплатни видео-записи на YouTube кои можат да ве мотивираат, без оглед дали имате 5 или 105 минути слободно време.

 post cover photo

Покрај YogiApproved Youtube каналот, каде што ќе најдете десетици бесплатни часови за јога, 10-те јога канали подолу се одлични ресурси за бесплатни јога часови.

LivestrongWoman

За зафатените жени кои имаат потреба од повеќе часови во текот на денот, каналот LivestrongWoman е извонреден извор на видеа од 12 минути или помалку. Каналот содржи почетничко, средно и напредно ниво, како и вежби за истегнување, ослободување од стресот, видеа за релаксација и видеа со демонстрација со Тара Стајлс. LivestrongWoman

Yoga by Candace

Овој канал нуди едноставни и смирувачки јога сесии кои Кендис ги води со смирувачки глас. Овој канал има одличен избор на целосни јога рутини во опсег од 15 до 30 минути, а исто така нуди и кратки демонстрации, решенија за вообичаените предизвици во јогата и сесии за вообичаените проблеми со менталното здравје, како што се анксиозноста или несоницата. Yoga by Candace

Fightmaster Yoga

Fightmaster Yoga е дел од Yoga Fix 90, 90-дневна програма за јога која има за цел да ви помогне да создадете здрава навика за јога со дневни 15-40-минутни видео записи со различен интензитет и вид. Овој канал исто така содржи и видеа за интензивни тренинзи и кардио, зајакнување на силата, флексибилност и истегнување, како и кратки јога сесии од 10-15 минути, јога и медитација за почетничко и средно ниво. Fightmaster Јога

JessicaSmithTV

JessicaSmithTV нуди разновидни рутини, од видеа со јасни инструкции до интензивни тренинзи во траење од 15 до 35 минути. Најдоброто од сè е што во видеата ќе забележите мал и сладок француски булдог, кој внимателно ја гледа Џесика и понекогаш се приклучува на забавата! JessicaSmithTV

SarahBethYoga

На каналот SarahBethYoga има различни јога листи за вашите различни потреби, од видеа за спиење, флексибилност и регенерација, до утринска јога (hatha и vinyasa). Исто така содржи од 20 до 30-минутни видео записи од јога и 7-дневен јога предизвик, во кој се прикажани 15-минутни сесии. SarahBethYoga

Yoga with Adriene

Овој канал нуди огромен избор на компилациски видеа од кои можете да изберете јога видеа со различна должина за губење на тежината, од почетничко до напредно ниво. Каналот објавува нови видеа секоја среда, така што секогаш постои нешто ново за вас. Сите часови на Адриен се прекрасни! Yoga with Adriene

EkhartYoga

EkhartYoga содржи целосен опсег на видео записи од јога од само една минута до повеќе од еден час. Ова е канал кој нуди видеа за постари лица, бремени жени и канцелариски работници. Ако имате некое заболување или некаков проблем со телото, овој канал најверојатно го има видеото кое ќе ги адресира тие работи. EkhartYoga

Bad Yogi

Каналот Bad Yogi се фокусира на јогата која не е совршена и е содржана во видеа и кратки вежби и обезбедува фитнес, исхрана и совети за сите вас "лоши" практичари на јога. Овој канал, исто така, има 4-неделен јога предизвик од 20 минути и 10-дневен јога предизвик за зацврстување на стомачните мускули, ако сте спремни за тоа. Bad Yogi

PsycheTruth

Канал за почетници! PsycheTruth нуди 5-дневна јога за губење на тежината со 20-минутни сесии, и јога-канал за почетници со 20-40-минутни видеа (со демонстрации), како и јога видеа за спиење, болки во грбот, па дури и јога за мрзливите и нефлексибилните. PsycheTruth

SeanVigueFitness - За момците!

SeanVigueFitness е одличен канал ако имате време за целосен тренинг или имате само 5 минути. Видеата се нетрадиционални, бидејќи Шон со себе секогаш има бејзбол капа, патики и брилијантна смисла за хумор. Проверете ги неговите петминутни видеа кои се насочени кон одредени мускулни групи или неговите многубројни 30-40 минутни сесии. SeanVigueFitness

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com