САБОТА, 24 ФЕВРУАРИ 2018

Што јаде Меланија Трамп за да биде витка на 47 години?

Меланија Трамп има прекрасно тело, долги нозе, тенка половина и тонирани раце. Меланија Трамп има 47 години и изгледа извонредно и тоа никој не може да го негира. Се разбира, голем дел од заслугите за нејзината форма имаат гените, е но ако Првата дама го има истото тело како и кога имаше 17 години на модните писти, тоа е исто така благодарение на нејзината рутинска исхрана. Меѓутоа, таа не зборуваше детално за диета, туку за здрав режим на исхрана. „Сакам да јадам здраво, бидејќи се чувствувам подобро и имам повеќе енергија“, рече таа, објаснувајќи го својот личен однос кон храната.

post cover photo

Иако нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, е буквално опседнат со брза храна, а неговите омилени вечери се оние кои се базираат на хамбургери, помфрит, пржено пилешко и газирани пијалаци, неговата слатка половина, сепак, следи урамнотежена исхрана што ѝ овозможува да ја одржува својата форма и што  ѝ овозможува да носи што сака и секогаш да изгледа божествено.

Задолжителен дел од исхраната на Првата дама е овошјето кое не смее никогаш да недостасува на масата. За здрав доручек богат со витамини, г-ѓа Трамп преферира лесно и здраво смути кое вклучува: органско овошје и зеленчук измешано со немасен јогурт, маслиново масло, ленено семе, Омега 3 и витамин Д. За ручек и вечера, на нејзиното мени може да се најде многу зеленчук (без кромид и артичоки), бело месо и риба.

Ова не значи дека Меланија никогаш не јаде благо и не си дозволува слатки задоволства, таа не ги исклучува слатките работи од исхраната, туку само јаде умерено бидејќи како што вели таа: „тие се добри за телото и за расположението“. Единстевното нешто на кое треба да внимавате е да не претерате.

Таа признава дека ѝ недостига Њујорк, особено поради рестораните и нејзиното омилено јадење со пилешко, сервирано со домати и сирење, подготвено во ресторанот на Жан Џорџ во Менхетен. Но, Белата куќа знае на кој да му се јави доколку им затреба рецептот.

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com