ПЕТОК, 23 ФЕВРУАРИ 2018

Најдобрата „Златна Бубамара на популарноста“ досега: најважните моменти од 21. издание

Мора да признаеме дека „Златна Бубамара“ е еден од највозбудливите настани во нашата земја и секоја година сите со нетрпение очекуваме да се одржи и да поминеме неколку часа уживајќи во вистинска забава. Вчера во Вип Арената Борис Трајковски се одржа 21 издание и може да се каже дека е едно од најдобрите досега. Доколку немавте можност да бидете дел од оваа неверојатна манифестација и со нетрпение очекувате да дознаете кој се доби награда и каква беше атмосферата во текот на целата вечер, нема потреба да чекате бидејќи сега сѐ ќе споделиме со вас.

Пред сѐ сакаме да споделиме дека целата сала беше полна, но полна со весели и насмеани лица, кои вистински уживаа и за момент заборавија на сите останати работи и проблеми. На самиот почеток на сцената настапија слатките „славејчиња“, кои испеаа неколку преснички и имаа прекрасна кореографија, а дефинитивно ја разнежнија целата публика и предизвикаа насмевка кај сите. Следна на сцената излезе Дани, која облечена во долг црн фустан, со сребрени детали, изведе песна од својот нов албум „Град за љубов“. Додека настапуваше на сцената излезе и Кили, кој ѝ подари бела ружа, а потоа по настапот ѝ ја додели и наградата за Најдобар албум на годината.

Важно е да се спомене дека на овогодинешната „Бубамара“ настапија околу 350 луѓе, меѓу кои музичари, актери, танчери, спортисти и тв-лица. На почетокот во улогата на водител беше Кирил Поп Христов - Кили, кој изјави дека е пресреќен што повторно е дома. Тој ја додели наградата на Џамбо Агушев, кој оваа година повторно доби „Златна Бубамара“ за Прва труба на Македонија. По него награда добија Дубиоза Колектив, за Група на годината и потоа сите заедно настапија со песните „Пионирска“ и „Бријуни“.

На сцената се појави и Корнелија Коневска која ја зема наградата наменета за Остен, а потоа Октет Македонија ја добија наградата за Животно дело. Тие уште еднаш потврдија дека се незаменливи и на публиката ѝ овозможија вистинско уживање со изведбата на песните „Ако одам во Битола“, „Не стој Доне, Донке“и „When the saints go marching in“. Потоа, Октет Македонија ја додели наградата за Најпопуларен комрцијален ТВ спот на НЛБ банка, а во позадина на екраните беше пуштена рекламата во која се појавуваат членовите на октетот.

„Девојче, сакаш да испееме нешто заедно?“, кога Тијана ја прими наградата за Најдобар мултимедијален уметник, нејзината сестра се појави од позадина и ѝ го постави прашањето. Двете сестри блескаа на сцената во црн и сребрен комбинезон, а ги изведуваа песните „Ladies Night“, „Get down on it“ и на крајот ја пееја песната Шила, со што ја најавија и Маја Оџаклиевска, која ја доби наградата за Трајни музички вредности. Маја се заблагодари за наградата, а крајот изјави дека со пеењето не ѝ оди во последно време, но и покрај тоа таа уште еднаш докажа дека е вистинска дива. Со изведбата на песните „Многу солзи исплакав“ и „Буди добар као што сам ја“ предизвика целата публика да пее, а на крајот таа доби најгласен аплауз од сите. 

Конечно на сцената се појави и Сашко Коцев, а гласниот аплауз и викањето беа доказ дека сите со нетрпение го очекуваа. Очекувано беше дека сите навистина ќе нѐ забавува. Нема да ви откриеме за сѐ што зборуваше, но верувајте дека ќе посакате да го гледате и слушате повеќе пати. Потоа на сцена дојде Влатко Стефановски кој му ја додели наградата на Дадо Топиќ и кој како вистински фан побара од него да му се потпише на албум со маркер „како што е редот“. Дадо настапи со песната „Бољи живот“, а за тоа ја повика Тамара да му се придружи, но направи грешка и ја нарече Тамара Дапчевиќ. Сепак изведбата беше извонренда, а Тамара на сцена се појави со долг бело-зелен фустан. 

Наградата за Филм на годината ја доби „Исцелител“, наградата за Актерско откритие ја доби Благој Веселинов, а наградите за Актер и Актерка на годината ги добија Александар Микиќ и Нина Деан. Серија на годината е Фамилија Марковски. Слаткар оваа година доби две награди за Интернационален успех и Видео спот на годината. Секако дека и оваа година на сцената се појави Игор Џамбазов, кој му ја додели наградата на Игор Атанасовски. 

Едина Муса ја додели наградата за Најдобра театарска претстава, која за оваа година е „Вардарски пастуви“. Доделувањето на оваа награда беше проследено со еден од најубавите моменти на манифестацијата. На сцената настапија хорот Мирче Ацев, Наум Петрески и Виолета Томовска кои ја изведуваа песната „Ој Вардаре Македонски“. На сцената беа повикувани сите ракометари еден по еден и секако на крајот се качи и Стојанче Стоилов кој доби најголем аплауз. Сите заедно пееја на сцената, а публиката уште еднаш покажа колку ги поддржува храбрите момци и колку се радува на секој успех. 

Останати кои добија награди се и Фчерашни новости, за ТВ забавна сатирична емисија, Нови Фосили за Трајни музички вредности, Инсајдер за најпопуларна ТВ серија, Еден на еден за ТВ емисија на годината, Патот до успехот за ТВ проект и Меморија за концерт на годината. 

На крајот беше доделена наградата за Мјузикл на годината, која ја доби МНТ за мјузиклот МАМА МИА и потоа следуваш спектакуларен настап кој како за крај навистина ги расположи и воодушеви сите.

Погледнете дел од фотографиите од учесниците кои ги споделија на своите профили на социјалните мрежи:

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

 

A post shared by Slatkaristika (@iamslatkaristika) on

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com