ЧЕТВРТОК, 01 МАРТ 2018

Приказната за масажата започнува со допирот

Убавината на кожата на телото и лицето не зависи само од добри кремови, лосиони или шминка, туку и од нејзиното здравје. Со помош на масажа се подобрува циркулацијата на лимфата и крвта, снабдувањето со кислород и размената на материи, а во исто време кожата подобро ги прима хранливите состојки од кремовите кои ги нанесувате.

Испукани усни, тешки нозе, замор... се само дел од секојдневните тегоби кои нè мачат. А решението е едноставно: неколку капки масло и неколку минути самомасажа.

post cover photo

Против подбрадок

Вишок килограми и лошо држење се доволни да се појави подбрадок. Како да се ослободите од него? Како прво, подигнете ја главата смеејќи се, а со надлактицата десетина пати поминете преку брадата, од едно до друго уво. Потоа 10 пати на истиот начин, притискајќи со раката од градната коска, преку вратот до брадата, секогаш од долу кон горе. На овој начин се подобрува циркулацијата и се зацврстува ткивото. 

За почеток на денот

Пред утринското туширање нанесете бадемово масло на вашето тело. Прво почнете со нозете. Со двете раце опфатете ги зглобовите на левата нога и неколку пати со притисок поминете горе-долу, сè до потколеницата. Потоа на ист начин масирајте ја натколеницата. Потоа повторете на десната нога. Потоа преминете на рацете, со десната рака масирајте ја левата, притискајќи по целата нејзина должина сè до рамениците, а потоа преминете на другата рака. Третманот завршете го со ладно туширање.

За опуштање

На дланките се наоѓаат голем број нервни завршетоци кои се дирекно поврзани со одредени органи. На рацете нанесете масло и притоа нежно повлечете ги прстите. Потоа со врвовите на прстите од едната рака нежно тапкајте по дланката на другата рака. На крај, во траење од една минута, со прстите од едната рака нежно притискајте го делот меѓу палецот и показалецот на другата рака. Токму на ова место се наоѓа акупресурната точка „долина на мирот“. За оваа масажа користете екстракт од арника и масло од семки на грозје, што одлично ќе ја негува рапавата кожа на рацете.

За враќање на енергијата

Кога сред работниот ден ќе почне да ве совладува заморот, не посегнувајте веднаш по кафе. Ист ефект ќе има и масажа на ушите. Ушите фатете ги меѓу палецот и показалецот и лесно тријте ги, поминувајќи од горниот дел од увото, па сè до долниот раб. Веднаш ќе почувствувате струење на енергија во ушите, затоа што телото почнало да произведува допамин - хормон што мотивира. Оваа масажа е ефикасна без какво било масло.

За поубави сништа

Ладните стапала нервираат, особено кога сакате да заспиете. Телото навистина почнува да се одмора кога целосно ќе ја урамнотежи својата температура. Во сад загрејте три лажици масло од сезам и со него добро измасирајте ги стапалата. Со палецот ри пати со благ притисок поминете преку секој прст на ногата, од врвот кон коренот. Верувајте дека ќе се почувствувате затоплено и пријатно, подготвени за спиење.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com