ПЕТОК, 02 МАРТ 2018

Температури под нулата? Совети и аутфити од скандинавките

Зимското финале се покажа безмилосно. Додека ние размислувавме за пролетта и бевме возбудени за модните комбинации што ќе ги правиме, студениот бран кој дојде од Сибир, со себе ни донесе снег и температури под нулата и сега не знаеме колку повеќе слоеви облека да ставиме на себе. Како да се облечеме на овие ексремно ниски температури и да изгледаме кул?

post cover photo

Вистинските експерти на анти-студот се тие, скандинавските инфлуенсерки и блогерки кои го освојуваат Инстаграм и социјалните мрежи со својот стилски и модерен изглед дури и на непогодните временски услови. Ќе речете тие се навикнати на студот, но да се биде во тренд за време на модната недела во Осло и Копенхаген не е едноставно адаптирање, особено кога термометарот е ниско под нулата. 

Скандинавскиот моден тим е составен од 7 извонредни и ултра модерни жени: Пернил Тејзбек, Жанет Мадсен, Емили Синдлев, Дарја Бараник, Анабел Росендал, Тине Андреа и Јанка Полани и тие се најфотографираните модни икони во последниот период!

Капутот е задолжително парче облека за зимата, но дали сте размислиле за макси капут каков што носат Тине Андреа и Дарја Бараник. Овој капут е идеален за зимските деновите, бидејќи под него можете да си облечете повеќе слоеви џемперчиња.

Мантилот за дожд е исто така многу корисен, особено во дождливата сезона. Тие се водоотпорни, така што ќе ве заштитат од студот, а вие под нив можете да носите што сакате, а тоа воопшто не изгледа лошо.

Кога времето е многу студено и кога има снег, изборот на вистинските чизми не е лесен. Пробајте да ги искомбинирате зимските чизми со долг капут и веќе сте на половина пат до вашиот совршен зимски изглед.

Кога паѓаат температурите и зимата нема намера да си оди, не заборавајте на крзното. Крзнените палта и бунди се омилените парчиња облека на познатите личности и дизајнерите. Изгледајте елегантно во крзно кое го има во сите бои, бидејќи ако сега не го износите кога?

Јас веќе почнав да ги следам на Инстаграм, а вие?

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com