САБОТА, 03 МАРТ 2018

Брановидна коса - ова нe e само летен тренд

Витканата и брановидна коса веќе неколку сезони е апсолутен хит кога се фризурите во прашање. Припадничките на женскиот пол кои имаат виткана коса се вистински среќнички, додека пак оние на кои мајката природа им подарила права коса користат различни начини и методи за да добијат изглед на природно виткана коса и да бидат во тренд

Без разлика дали користите фигаро или пегла за коса или „своите бранови“ ги правите без дополнителни топли помагала, постојат неколку фризури во кои ќе изгледате совршено во секоја прилика, а ваше е само да го одберете изгледот кој одговара на вашиот стил и карактер.

Погледнете го нашиот мал водич за брановидна коса.

post cover photo

Плетенки

Ова најдобро функционира ако направите влажни плетенки веднаш штом ќе ја измиете косата. По миењето, само исчешлајте ја косата, сплетете си некоја плетенка и оставете ја така во текот на ноќта. Во утринските часови, расплетете ја косата и поминете со прстите низ косата за вашата коса да изгледа што поприродно.

Неуредна пунџа

По миењето на косата, нанесете пена, соберете ја во пунџа и исушете ја со фен. Оставете ја да отстои така 5 минути пред да ја пуштите косата, а кога ќе излезете од дома бидете подготвени сите погледи да бидат свртени кон вас.

Променете го правецот на пеглање

Ако сакате да имате брановидна коса, променете го правецот на пеглање на косата и добиете ги посакуваните локни. Со пеглата притиснете еден прамен и влечете го во одреден правец, а потоа променете го правецот на пеглање. За косата да не ви се заплетка, немојте да ги пеглате краевите.

Замотајте ја во две ролни

Додека косата сѐ уште ви е мокра по бањањето, поделете ја на два еднакви дела. Наведнете ја главата надолу и свиткајте го прво едниот дел, а потоа и другиот во ролна и прицврстете ги прамените со шнола. Користете ја истата шнола и за едната и за другата страна. Преспијте вака и следното утро пуштете ја и испрскајте ја со малку лак за коса.

Добро познатите крпчиња

Направете си ги оние добро познати крпчиња од материјал за кои дефинитивно сме сигурни дека ако побарате дома, веќе ги имате подготвено од претходно. Земете еден мал прамен од косата, напрскајте го со малку лак и навиткајте го на крпчето од крајот кон коренот. Отспијте една вечер со крпчињата и извадете ги лентите изутрина подготврени да го освоите светот.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com