НЕДЕЛА, 04 МАРТ 2018

Зацврстете ја врската со вашето бебе додека е во вашиот стомак

Не морате да чекате да се породите за да ја зацврстите врската со вашето бебе, започнете да ја градите врската со вашиот син или ќерка уште додека е во вашиот стомак. Иако сеуште не можете да го видите бебето, врската помеѓу вас се создава уште во вашиот стомак и ќе трае доживотно. Еве неколку идеи како уште повеќе да ја развиете таа врска.

post cover photo

Употребувајте го вашиот глас

Малечкото расте и се развива со неверојатно темпо. До второто тромесечие неговиот слух е тoлку развиен што може да ве слушне и да му влијае надворешниот шум. Од сите гласови и шумови кои доаѓаат до него, за вашето бебе најпознат и најутешувачки звук е токму вашиот глас. Можеби ќе ви звучи чудно на почетокот, но зборувајте му на мешето, а потоа испејте му и некоја песна, тоа ве слуша додека разговарате, па и додека пеете под тушот.

Вклучете го и тато

На прво место е чукањето на вашето срце и гласот се најутешителните звуци во светот на бебето, а на второ место е гласот на тато. Затоа, охрабрете го и тој да се вклучи во зборувањето и пеењето, а можеби и читањето на книги. Ќе се изненадите колку многу негувањето на врската помеѓу бебето и таткото ќе ја зацврсти вашата семејна врска.

Водете дневник

Запишувајте ги вашите мисли, надежи и соништа за вашето најмило. Секоја недела напишете по една порака, која ќе може да ја прочита во иднина. Споделете го денот, искажете ги вашите труднички стравови или едноставно отворете го срцето и кажете му колку многу веќе го сакате.  Преточете ја секоја мисла во порака и зачувајте ја за времето кога вашето дете ќе ја чита и повторно ќе ја почувствува вашата љубов.

Мала забавна игра

Ставете ги вашите раце на стомакот. Кога бебето ќе клоцне, нежно возвратете му со вашиот прст. Можеби ќе одговори и ќе се приклучи во вашата мала игра.

Направете многу фотографии

Верувале или не, но тој убав стомак навистина ќе ви недостасува. Документирајте го низ фотографии напредокот на бременоста, ставете ги во албум кој на крај ќе го запечатите со сликата од вашето најмило кога ќе се роди.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com