ПОНЕДЕЛНИК, 05 МАРТ 2018

Уметноста на релаксирање

Релаксација. Збор, кој по малку се злоупотребува и збор кој малку го изгуби своето значење е збор што знали дека е време малку да застанете и да ги „наполните батериите“. Кога на нашето тело му е потребен одмор од секојдневните проблеми, тоа самото ни испраќа различни сигнали: мали несреќи, заборавеност и расеаност, поспанот. Дигнете два прста ако и вас ви е потребна релаксација.

Од наједноставен начин на релаксација со само едно затворање на очите и уживање во тишина, ароматерапија, топла бања, па сè до боенки за возрасни, оваа активност стана вистинска уметност. Луѓето смислуваат секакви креативни начини за повторно да го најдат својот мир, да си ја вратат силата и да бидат повторно полни со позитивна енергија и елан за новите предизвици. 

Кој е вашиот начин на релаксација?

post cover photo

Топла бања

Топлата бања е навистина момент посветен само за вас во кој целосно ќе се опуштите и релаксирате. Овој скапоцен момент може да го искористите за некое хоби или активност која сте ја запоставиле. Прочитајте некоја книга, направете си маска за лице или едноставно ослободете го умот од негативни мисли и препуштете му се на уживањето, а за задоволството да биде уште поголемо, додадете некое етерично масло и уживајте.

Свеќи и ароми 

Можете исто така да се релаксирате и со аромата и прекрасното осветлување на свеќите кои одлично го подобруваат амбиентот и атмосферата. А во продавниците можете да најдете и конкретни производи кои предизвикуваат смиреност и релаксација.

Музика

Без разлика што работите, од особена важност е да знаете да управувате со стресот, а со тоа не само што ќе го подобрите квалитетот на вашата работа, туку ќе го подобрите и квалитетот на вашиот живот. Пронајдете време во текот на денот кога ќе си ја пуштите својата омилена музика илу музика за релаксација и ќе заборавите на проблемите барем за еден момент. 

Колор терапија

Колор терапијата (исто така позната како хромотерапија) е еден вид на алтернативно лекување кое ги користи боите за позитивно да влијае на расположението и менталното здравје. Секоја боја има одредена фреквенција и вибрација која му помага на телото да се опушти, па затоа обојте го својот живот во боја.

Дигитална детоксикација

Дигиталната детоксикација е најдоброто нешто што може да го направите за себе. Исклучете се од социјалните мрежи, барем за одреден период, барем неколку часа без да имате чувство на вина. Светот нема да пропадне доколку не сте присутни на социјалните мрежи еден ден.

 

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com