ПОНЕДЕЛНИК, 05 МАРТ 2018

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Едина Муса во моментов е една од најуспешните и најпознатите кошаркарки. Во интервјуто за Ladybook таа открива повеќе за својата спортска кариера, но зборува и за својот приватен живот.

Во моментов си една од најуспешните и најпознатите кошаркарки во Македонија. Дали си свесна за овој податок и како го прифаќаш тоа?

Искрено, сум свесна за своите успеси во кошарката и фитнесот и фактот дека веќе луѓето ме препознаваат вон теренот. Би излажала ако би кажала дека тоа не ми годи. Со оглед на тоа што потполно се вложувам и напорно работам на реализација на своите цели, со максимален фокус и посветеност, поддршката од другите ми претставува дополнителен мотив.

Веќе знаеме дека твојот татко кој е успешен кошаркар и тренер е твојата најголема мотивација. Дали можеби се сеќаваш кога прв пат те запозна со кошарката?

Да точно, мојот татко е главниот „виновник" за поттикнување на толку голема љубов кон овој спорт. Уште од мојата најрана возраст тој со себе ме носеше на своите тренинзи и натпревари, а веќе од мојата 6-годишна возраст започна и индивидуално да работи со мене.

Одреден дел од животот живееше во Америка, каде што студираше и играше кошарка. Колку тренинзите се поразлични од оние во нашата земја? Каков успех постигна таму? Зошто одлучи да се вратиш?

Во Америка заминав на мои 17 години каде што преку кошарката успеав да добијам и целосна стипендија за средно и високо образование. Нивото на спортот, во овој случај кошарката, како и самите услови за напредок се тотално неспоредливи со тие што ни ги нудат во Македонија. Самите тренинзи се подолготрајни, понапорни, поинтензивни и на многу повисоко ниво. Со еден тим работат повеќе тренери, секој стручен во својот кадар, кои се достапни во секое време за секој играч кој е дел од самиот тим. Што значи дека условите се достапни за сите, само желбата за напредок е таа што ќе ѝ помогне на една индивидуа да се развива во подобра атлета. Во текот на 6 години студирање и играње кошарка во САД, се здобив со повеќе награди и признанија како во спортот така и во едукативниот дел. Како најдраг успех кој ќе го паметам уште долги години е освојувањето на конференцискиот прстен кој ни овозможи и учество на доста познатиот NCAA турнир. По завршувањето на студиите се вратив назад во Македонија каде што и започнав да работам како фитнес тренер. Најголемата причина за којашто се одлучив да останам во Македонија е секако моето семејство. По природа сум голем емотивец и фамилијарен човек, среќата ја црпам од љубовта од моите најблиски, и многу сум среќна што секој ден ми е исполнет со луѓето кои ми беа толку далеку на толку долг период, сега можам да ги видам кога сакам

За секоја успешна спортистка е многу важна и опремата, кој е твојот омилен спортски бренд?

Точно така... Особено секој спортист си има свој спортски бренд кој не би го заменил со друг, за мене тоа е дефинитивно NIKE. Јас сум 100% NIKE GIRL

Покрај тоа што се занимаваш со кошарката, негуваш љубов и кон фитнесот. Какво беше чувството да се биде дел од Светското фитнес првенство во Франција и дали си задоволна со постигнатиот резултат?

Чуството да се натпреваруваш на светско ниво, стоејќи рамо до рамо со вистински професионалци во рамки на фитнесот, е неописливо. Тој период, вклучувајќи го и периодот на самите подготовки, е едно големо позитивно искуство за мене како индивидуа, кое дефинитивно ме промени и како личност. Влегувајќи во полуфиналето и освојувајќи го 12то место, е преголем успех за мене. Добив премногу позитивни коментари од страна на повеќе фитнес судии од разни земји од светот, кои ја комплиментираа формата на телото која сум ја постигнала за толку краток период, со оглед на тоа што се наптреварував со девојки кои долги години се занимаваат со овој спорт.

Кои се твоите планови во иднина, дали повеќе сакаш да се посветиш на кошарката, на фитнесот или пак ќе се потрудиш да им посветуваш внимание и на двете?

Многу тешко прашање... Иако премногу уживам и во двата спорта, кои се сосема различни и имаат потреба од тотално поинакви подготовки, кошарката ми е навистина повеќе при срце. Иако веќе 20 години поминав со баскет во рака, сѐ уште не сум презаситена од овој спорт и не планирам да се престанам да се занимавам со кошарка во скоро време. А фитнесот е секако дел од моето секојдневие како тренер и како хоби во кое уживам.

Кои се твоите секојдневни здрави навики и каков начин на исхрана практикуваш за да можеш да ја одржуваш својата форма?

Во нешто што највеќе уживам е кардиото во утринските часови, па тоа би ми бил совршен почеток на еден прекрасен ден. Вториот тренинг, дали кошарка или тренинг во теретана, го оставам за на крајот од денот како би можело телото да се одмори од утринскиот тренинг. Кога е во прашање исхраната, кога не сум во никакви припремни фази и на строги диети, секогаш консумирам здрава храна од типот на спори јаглехидрати, протеини и здрави масти. Храната која секојдневно ја консумирам е варена или печена со минимален додаток на зачини. Вода консумирам минимум 4 литри на ден. Шеќерот е исто така сведен на минимала, но секако дека и знам да се почастам со некој вкусен десерт одвреме-навреме.

Поради тоа што твојата спортска кариера е секогаш главна тема на разговор, би сакале читателите да ја запознаат и другата страна на Едина и да дознаат нешто повеќе од твојот приватен живот. Каква е Едина кога е со пријателите, кога излегува и што највеќе сака да прави во слободно време?

За себе можам да кажам дека сум личност која го сака животот, личност која сака и знае како да ужива во секој момент кој животот ни го нуди. Во себе носам премногу позитивна енергија која уживам да ја споделувам со луѓе кои ми значат. Многу лесно примам енергија од луѓето кои ме опкружуваат па и затоа бегам од сѐ што е негативно. Едина со пријателите е многу забавна (нека кажат ако не е така ) и секогаш расположена за добра дружба. За мене пријателите се големо богатство и сум благодарна на Бога што ме опкружил со вистински пријатели кои се со мене и во добро и во лошо... Знаете кои сте, ве сакам многу

Кога веќе го спомнавме излегувањето, каде луѓето најчесто можат да те сретнат? Дали повеќе сакаш вечерни излегувања или пак дневна кафе шема?

Во принцип многу ретко излегувам, повеќе перферирам дневна шема отколку ноќни излегувања. Нешто во што уживам и секогаш наоѓам време е театарот и претставите кои се играат. Слободното време секогаш го поминувам со моите пријатели во дебар маалските кафулиња во текот на денот, или шетајќи се во градски парк заедно со мојата љубов, моето куче Бартон

Во нашата земја не само што си една од најуспешните спортистки, туку си и една од најзгодните. Дали имаш голем број на обожаватели и дали можеби си заљубена?

Па не би ги нарекла обожаватели туку луѓе кои ме поддржуваат, и нивната бројка е навистина висока со што и ме прави многу среќна затоа што нивната поддршка и убавите зборови што секојдневно ми ги испраќаат ми помагаат да ја задржам мотивацијата на потребното ниво. За тоа сум им премногу благодарна, нивната поддршка навистина одигра голема улога во успесите кои досега ги имам постигнато.

Без кого не можеш да го замислиш својот живот?

Својот живот не би можела да го замислам без моите најблиски пријатели и семејството и секако без Бартон (кучето) и Мици (мачето)

Кој е најдобриот совет што некогаш си го добила?

Најдобриот совет што некогаш сум го добила е од мојот татко „Верувај во себе". Сѐ уште го паметам денот и натпреварот на кој тој ми ги кажа овие зборови. Иако бев премногу млада за да ја сфатам моќта на самите зборови, сега веќе знам што точно мојот татко сакал да ми каже со самото тоа. За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе и во потенцијалот кој го поседуваш.

За крај, кажи ни кој е твојот совет за младите девојки кои би сакале да се посветат на кариерата и да постигнат голем успех?

Мојот совет за младите девојки е да не го трошат животот на безвредни моменти. Да ја пронајдат скриената страст за работата која ја сакаат и ги исполнува, и никогаш нема да мораат да работат во својот живот. Според мене, главниот фактор за успех на било кое поле, е самата љубов кон работата што ја работат, затоа што напорното работење за нешто што не нѐ исполнува придонесува стрес во нашите животи, додека напорното работење за нешто што го сакаме го нарекуваме пасија.

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com