ВТОРНИК, 06 МАРТ 2018

Награда за „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски на фестивалот во Порто

Фантаспорто фестивалот го почести македонскиот режисер со специјална награда на жирито за неговиот најнов американски филм. На 38 по ред Меѓународен филмски фестивал Fantasporto во Порто, Португалија, кој се одржа од 20 февруари до 4 март, во Театро Риволи, најновиот американски филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“ ја освои специјалната награда од жирито на фестивалот.

post cover photo

Филмот ја имаше светската премиера на 21 октомври на филмскиот фестивал во Сао Пауло во Бразил. Во меѓувреме, премиерно беше прикажан на Фест во Белград, и во сабoтата ја имаше американската премиера на познатиот Синеквест филмски фестивал во Сан Хозе, Калифорнија.

Наскоро се очекува и македонската премиера на филмот. По повод американската премиера веднаш се огласи и американската филмска критика, која го дефинираше филмот како: „Во неверојатно брилијантниот филм Бикини Мун, вжештената глума на актерката Кондола Рашад ја воспалува провокативната сторија на Милчо Манчевски, со што филмот резултира во независен филм кој мора да се види на Синеквест.“ и „Бикини Мун ја истражува природната тензија меѓу документарецот кој ја раскажува приказната на својот субјект и документарец кој го експлоатира својот субјект.“, како и „Ова е сосема свежо и оригинално дело на маестрален режисер“.

Понатаму во пишаните критики се вели: „Провокативен и убедлив портрет на една нестабилна жена, која се обидува да го врати во нормала нејзиниот живот. Бикини Мун е провокативен, повеќеслоен лажен документарец, кој ги акцентира најлошите делови на милениумскиот либерализам. Бикини Мун е модерно искуство кое се вклопува во грдоста на нашата воајеристичка култура“.

Светската филмска критика, непрестано пишува за „Бикини Мун“ го опишува како брилијантен авторски филм, кој деликатно гравитира меѓу фикција и документарното. Бикини Мун е модерна бајка со фасцинатна нарација, веќе позициониран меѓу најдобрите филмови за 2017 година со извонредната актерка Кондола Рашад во главната улога. „Овој вознемирувачки, немирен, саркастичен, заводлив и непредвидлив филм, невозможно е да ве остави рамнодушен„, се вели во дел од бразилската критика и продолжува понатаму „Неговото дело е провокативно, саркастично и иронично, флертува со надреализмот за да ја прикаже реалноста во форма, која никој друг документарец, не успева да го стори толку добро. Бикини Мун е „документарен филм за една бајка“. Тоа не е ни документарен филм, ниту псеудо-документарен филм (mockumentary); тоа е фикшн филм за документарен филм, кој се однесува на екипа документарци, кои ја снимаат реалноста, која се претвора во изненадна урбана модерна бајка. Филмот иницира дијалог за скршени семејства и животот на бездомниците во Америка“ велат критичарите.

Единствен Македонец во филмската екипа, покрај режисерот е композиторот на музиката – Игор Василев Новоградска. Сценариото е на Манчевски и Вилијам Розентал. Во филмот игра фантастичната Кондола Рашад, инаку ќерка на позната американска актерка Филиша Рашад, препознатлива преку популарниот американски ситком од 80те години „Козби шоу“. Покрај Кондола, во филмот играат актерите: Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Дизајнер на продукција е верниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, кој има работено буквално на сите досегашни филмски проекти на Манчевски. Директор на фоторафија е Џошуа З. Вајнстин.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com