ВТОРНИК, 06 МАРТ 2018

9 чекори до совршеното тело

Иако зимата сѐ уште не е официјално завршена, треба да знаете дека сега е вистинското време да започнете со формирање на совршеното тело. Сосема е нормално во текот на зимата да накачите неколку килограми, потполно ве разбираме, бидејќи ретко кој може да им одолее на сите оние вкусни јадења кои се подготвуваат за време на празниците... ммм руска салата и кифлички... Сепак да се навратиме на темата, време е да прекинеме да размислуваме на храна!

Сигурно и вие би сакале откако ќе се зачестат сончевите денови гордо да шетате во кратките фустанчиња и здолништа, а особено би сакале да не бидете срамежливи кога на плажа ќе треба да го покажете вашето тело во костим за капење. Овие 9 чекори дефинитивно ќе ви помогнат да го имате телото од соништата!

post cover photo

Поврзете се со вашето тело

Почувствувајте како вашето тело функционира кога се истегнувате или вежбате јога. Движењата кои ги правите при овие активности се одлични за да се поврзете со вашето тело и да почуствувате што му е потребно на секој дел.

Работете на мускулите дома

Обичните вежби без опрема ќе ви помогнат да започнете со создавање на совршеното тело. Чучнувањата, женските склекови, стомачните, пленковите и слични вежби се одлични и можете да ги правитге дома. Правете по неколку серии со 10-20 повторувања од секоја вежба и трудете се тоа да го правите најмалку двапати неделно.

Не заборавајте на кардио вежбите

Ако сакате да имате вистински напредок, тогаш во вашата програма за вежбање потребно е да вклучите најмалку 30-60 минути умерени до енергични аеробик вежби три до пет пати неделно, со потребното истегнување пред и по вежбањето. Можете да практикувате различни активности како џогирање, трчање, пливање, возење велосипед или ролерки, посета во теретана или пак некој спорт.

Вие сте тоа што јадете

Сигурно досега сте слушнале за оваа фраза и треба да знаете дека таа е потполно вистинита. Ако навистина сакате да го имате совршеното тело, тогаш е потребно повеќе да внимавате на тоа што консумирате секој ден. Нема потреба да држите некои посебни диети, едноставно овозможете му на вашето тело да се снабдува со потребните хранливи материи и витамини. Кога ја јадете соодветната храна, тогаш ќе имате и повеќе енергија за вежбање. Здравата исхрана ќе направи вашето тело да изгледа совршено однадвор, како и однатре.

Носете облека за вашиот тип на тело

Кога се чувствувате негативно за вашето тело, тогаш сигурно почнувате да носите широка облека и чекате да ослабете за да купите нови парчиња. Зошто да го правите тоа? Чувствувајте се сигурни во себе и најдете атрактивна облека која ќе одговара на вашето тело и ќе биде со соодветна величина.

Гледајте го вашето тело како целина

Поголемиот дел од луѓето не се задоволни со одредени делови од телото. Колковите се многу широки, усните многу тесни или пак премногу мали гради... трудете се да го гледате вашето тело како целина, отколку да се концентрирате само на некои делови. Одберете облека која ќе направи вашата цела фигура да изгледа прекрасно и заборавете на деловите кои не ви се омилени.

Бидете позитивни

Како изгледа вашето тело зависи и од вашата перцепција. Ако излезете од дома со помислата дека не изгледате убаво, тогаш тоа ќе се одрази на вашиот изглед. Вашиот став се одразува на вашиот физички изглед. Затоа, секојдневно излегувајте од дома со насмевка и изгледајте најдобро што можете. Вашето тело сметајте го за убаво и бидете благодарни за тоа што го имате секој ден. Чекорете исправено и бидете полни со самодоверба.

Овозможете си телесни задоволства

Ако навистина напорно се трудите да бидете во форма, тогаш е потребно и да си овозможите одредени задоволства. Закажете си масажа, која ќе ви помогне повеќе да се опуштите и ќе ве ослободи од стресот и тензиите. Доколку не сакате масажа, тогаш едноставно наполнете ја кадата, ставете морска сол, убав мирислив гел за туширање и уживајте.

Вашето тело е уникатно исто како и вие

Секоја личност е родена со различни гени и е со различна висина, тежина и изглед. Вашето тело е уникатно и не постои ниту едно друго како вашето! Треба да знаете дека колку повеќе се трудите да го формирате совршеното тело, тогаш имате среќа да изгледате навистина посебно. Трудете се да го извлечете најдоброто од вас и уживајте во вашиот совршен изглед.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com