СРЕДА, 07 МАРТ 2018

8 работи кои не треба да ги правите на првиот состанок

Дали и вам ви се случило првиот љубовен состанок да ви биде катастрофа? Во денешно време за жал тоа често им се случува на сите, додека се надевате дека конечно ќе излезете со некоја „нормална“ личност, на крајот се враќате дома повторно разочарани и без верба во љубовта. Но, дали некогаш сте размислиле за тоа дека можеби вие правите некоја грешка? Секогаш е најлесно да ја обвинувате другата личност и да не си признаете самите на себе дека и вие сте малку виновни.

post cover photo

Повеќе нема потреба да се чувствувате разочарани по првиот состанок. Едноставно престанете да ги правите овие работи, а на крајот барем ќе знаете дека сте дале сѐ од себе.

Не бидете некултурни спрема персоналот

Без разлика на тоа каде ќе отидете на прв состанок, најлошата работа која можете да ја направите е да се однесувате некултурно спрема луѓето кои ве служат. Сепак, на првиот состанок треба да оставите позитивен впечаток, а не да делувате како личност која не ги почитува останатите луѓе. Сигурно не би посакале вашиот потенцијален партнер да има мислење за вас дека сте вообразена девојка која ги потценува другите.

Не гледајте постојано во мобилниот телефон

Најлошата работа којашто можете да ја направите е постојано да гледате во мобилниот телефон. Да, јасно ни е дека во денешно време сите се опседнати со мобилните телефони и дека не можеме без нив да преживееме ниту една секунда, сепак покажете почит спрема симпатијата и внимателно слушајте го тоа што има да ви го каже. Како ќе се чувствувате вие ако нешто сакате да раскажете, а другата личност си гледа во телефонот и делува незаинтересирано?

Не пцујте

Ако вашиот речник е исполнет само со погрдни зборови, тогаш дефинитивно нема да испаднете кул. Ниту една девојка која постојано пцуе, не може да остави добар впечаток на првиот состанок.

Не зборувајте за бившите врски

Во ниеден случај не започнувајте теми поврзани за вашите бивши врски. Ако постојано зборувате каква била вашата поранешна врска, како се однесувал претходниот партнер и слично, ќе делувате како да не сте ја преболеле бившата љубов... зошто тогаш не се смирите?

Не доцнете

Не бидете со помислата дека ќе испаднете „фраерка“ и го оставите малку да ве почека, бидејќи „има кого да чека“. Доцнењето остава впечаток дека вам ви е најважно само вашето време и дека не го цените времето на другите луѓе и од самиот старт ќе предизвикате негативни вибрации.

Не проверувајте постојано како изгледате

Голема грешка е ако сте опседнати со тоа дали изгледате совршено и постојано се проверувате во огледалцето или екранот од мобилниот телефон. Имавте време дома да се подготвите, а на самиот состанок едноставно бидете свои, бидејќи само на тој начин можете да му се допаднете.

Не бидете нападни

Секако дека на личноста со која сте на љубовен состанок треба некако да ѝ дадете до знаење дека ви се допаѓа, но тоа не значи дека треба да бидете премногу нападни или напорни.

Не давајте непотребни совети за животот

Замислете на првиот состанок разговарате и другата личност се труди да ве научи како треба да се однесувате и што треба да направите за да ја подобрите вашата кариера. Сигурно нема да ви се допадне тоа! Затоа, не правете го и вие истото. Во ред е да го кажете своето мислење за одредена тема, но нема потреба да наметнувате совети за различни области од животот.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com