СРЕДА, 07 МАРТ 2018

Каменот кој најмногу ве привлекува го открива тоа што најмногу го посакувате

Секој камен носи своја порака. На вас останува да го одберете оној кој најмногу го привлекува вашето внимание и дознајте што е тоа што најмногу го посакувате.

post cover photo

Камен бр. 1

Опал - овој камен уште се нарекува и месечев камен. Тоа што го одбравте токму овој камен, кажува дека во моментов највеќе ви е потребен одмор од градската врева и гужва. Чувствувате потреба да се исклучите и одредено време да заборавите на проблемите. Потребно ви е и време да ги средите своите чувства. Најдобро би било во наредните неколку денови или недели да отпатувате некаде на краток одмор, каде што има малку туристи и многу убави места. Ако не можете тоа да си го дозволите, тогаш испланирајте барем продолжен викенд. Можете да отидете некаде на планина или кај некоја роднина во друг град. Едноставно најдете време за одмор!

Камен бр. 2

Малахит - изборот на овој камен кажува дека во скоро време ве очекуваат големи животни промени, особено ако сте личност со длабок духовен карактер. Исто така, можете да искусите и да преживеете големи изненадувања во личниот живот. Во брзо време идеално е повторно да размислите за вашиот живот. Ѕвездите ви се наклонети, само напред!

Камен бр. 3

Сончев камен - тоа што имавте желба да го одберете овој камен е последица од вашиот непоправлив оптимизам. Вашата иднина е светла и убава. Подобро е почесто да поминувате време надвор, без разлика на тоа какви се температурите. Радоста на животот постојано ќе се зголемува, ако повеќе време поминувате на свеж воздух. Продолжете да апсорбирате поголема сила од сонцето и ниту во еден момент не дозволувајте да го изгубите вашиот весел став.

Камен бр. 4

Опсидијан - вашата потсвест се труди да ви каже дека е време за промени. Во наредните денови треба да избегате од старите навики и чекор по чекор да почнете да создавате нов живот. Вистинското време за нов почеток е сега! Трудете се повеќе да се чувствувате благодарни за тоа што го имате. Не бидете љубоморни и завидливи. Потрудете се и бидете сигурни дека новиот начин на живот ќе ве однесе до посакуваните резултати.

Камен бр. 5

Ховлит - ако ве привлекува овој камен, тоа значи дека сте личност со отворен ум. Во секоја дискусија секогаш сте спремни да ги разберете аргументите на противникот. Тоа ви дава уникатна способност да ја согледате ситуацијата од сите можни агли. Вие сте чувствителна личност и одлично разбирате што другите се трудат да ви кажат. Слободно сонувајте и визуелизирајте. Сѐ што планирате во наредните 30 денови ќе ви се исполни!

Камен бр. 6

Далматинец - ако го одбравте овој камен, тоа значи дека сте весела и оптимистична личност. За вас е важно животот и понатаму да се одвива како убава игра. Во наредните месец дена не е лоша идеја да ги испланирате вашите нови авантури. Запознавајте нови луѓе и стекнувајте нови пријатели. Сега е вистинско време за тоа. Што и да започнете ќе ви донесе успех.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com