СРЕДА, 07 МАРТ 2018

Што сѐ ќе се случува на Fashion & Lifestyle Expo ‘18

Датумот [22-23 март] и местото [Македонска опера и балет] за третото издание на Fashion & Lifestyle Expo се веќе познати, а сега е време да ве запознаеме и со програмата која има за цел да ја поттикне и инспирира вашата креативна мисла, да ве забавува и да ве понесе низ едно несекојдневно доживување.

За сите оние што постојано се во потрага по уникатни нешта и моменти, Fashion & Lifestyle Expo ’18 и оваа година на едно место ги собира брендовите и компаниите чии производи, дизајни и услуги се стремат да го постигнат токму тоа – врвен квалитет и уникатен дизајн кои го предизвикуваат обичното.

Гемак и Skopje Cocktail Week ќе подготват мошне интересни коктели, а СКОПСКО Smooth ќе ви овозможат да ја дизајнирате вашата уникатна, персонализирана маичка.

Во изложбениот дел ќе можете одблиску да погледнете автомобили, современи парчиња мебел, ексклузивни бањи и креативни решенија за уредување на ентериер, рачно изработен, уникатен луксузен накит, аксесоари, драги камења и минерали, рачно изработени чевли, врвна декоративна и органска козметика, предмети од дрво и креативни идеи за декорирање и оплеменување на просторот. Оваа година во излжбениот дел учествуваат Гемак, Скопско Smooth, Timeless, Twelve, Jo.An, Alshar, Cekic Filigran, Македонски рубин – Деко, Rivedil, Pierre Cardin Home, Тимст, Rubinettino, Преплет, ITA Brand, Ксантика, Каталеја, Atelje Marjak, Гоца Каникова, Нина Нинеска, DOGO, Бреинобреин, Smart Living, Iskra & Lidiya, Kia Motors, Tesori DI Mare, Lotus Lounge Chair, Luxin, Inglot Cosmetics, а повеќе за секој од нив можете да ги погледнете на овој линк.

Дневната програма и двата дена ќе започнува во 15 часот, а истата е интерактивна и осмислена, така што секој посетител свесно или несвесно ќе биде дел од истата, а за да се задоволат различните желби, вкусови и потреби на публиката, активностите ќе се случуваат на неколку активни сцени, вклучувајќи ја и изложбената поставка.

Вечерната програма започнува со отворањето во четврток [22ри март] од 20:00 часот, со најдобрите коктели од SkopjeCocktail Week, по што ќе следи концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Во 21 часот ќе можете да ја погледнете ревијата Чувства”, за најновата колекција на JO.AN, а за атмосферата до крајот на вечерта ќе биде задолжен Dj Boogieman.

Во петок [23ти март], вечерниот дел ќе започне со дегустација на врвните вина од винаријата Тиквеш, по што ќе имаме прилика да не инспирира уметноста на Италија со Rivedil, модното шоу на ALSHAR за колекцијата Spring Breakers, а настанот ќе го заокружат урбаните звуци на Зоки Бејбе.

И оваа година во BEAUTY BAR, припадничките на понежниот пол ќе имаат можност да се разубавуваат со бесплатни козметички третмани, шминка и фризура, неврокозметиката и органската козметика, а најсреќните ќе добијат и вредни поклони. Creative Hall и оваа година ќе понуди бројни креативни работилници и презентации, каде ќе имате можност да совладате нови вештини и сами да изработите уникатно парче. Работилниците се дизајнирани за да ја предизвикаат вашата креативна мисла, а се отворени за секој посетител. Пријавите се отворени на овој линк.

За целосната програма, распоредот и учесниците, следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com