САБОТА, 01 ДЕКЕМВРИ 2018

Најдобри начини за нега на вашите нокти

Како што се грижите за другите делови од вашето телото, така треба да посветувате и внимание на вашите нокти. Сигурно во текот на денот вашите раце се често во центарот на вниманието, сепак со нив пишувате, го држите мобилниот телефон, јадете и на тој начин тие често ги привлекуваат погледите на луѓето околу вас. Затоа ви ги препорачуваме овие совети за нега на вашите нокти. Верувајте прават чуда!

post cover photo

Одржувајте ги рацете чисти

Пред да правите било што, бидете сигурни во тоа дека вашите нокти и кожата околу нив е чиста. Потоа исчистете ги остатоците од претходните лакови. Еден практичен начин за одржување на ноктите е со нанесување на сапун на стара четкичка за заби, а потоа нежно триење на ноктите и кожата. На овој начин правите ексфолијација и ја отстранувате целата нечистотија.

Кратете ги редовно

Исто како што и косата е потребно редовно да ја кратите, така треба и ноктите. Практикувајте да ги кратите на секои две недели, барем по малку, со цел да им овозможите здраво да растат.

Поважно е здравјето отколку должината

Долгите нокти изгледаат убаво, но многу повеќе се подложни на кршење и лупење. Попрактично е да имате пократки нокти, но кои секогаш ќе изгледаат уредно и здраво. Исто така, со пократките нокти ќе можете полесно да ги завршувате сите работи, без да се грижите дали некој од нив ќе се скрши.

Не ги кратете кутикулите

Кутикулата има многу важна улога, таа ја штити површината во внатрешниот дел од ноктот. Така што, доколку ја отстраните, повеќе немате заштита и местото го оставате чувствително и подложно на бактерии. Препорачливо е секоја недела по туширањето, со дрвено стапче да ги враќате кутикулите и потоа да направите масажа со крем за кутикули.

Грижете се за приборот за нокти

Редовно правете дезинфекција на алатките кои ги употребувате за одржување на вашите нокти. Исто како што ги миете четките за шминкање, така е потребно да ги одржувате и ножичките, турпијата и останатите работи. Не заборавајте и по одредено време на користење да го менувате приборот.

Подлога за лакирање

Никогаш не заборавајте кога се лакирате, првин да нанесете подлога, со цел да избегнете лаковите да ја оштетат површината на вашите нокти. Исто така, на овој начин ќе направите лакот на ноктите подолго време да издржи без да се излупи или избрише.

Дадете им на ноктите време за одмор

По одредено време искористете малку да ги одморите ноктите од маникир. Тргнете го потполно лакот и скратете ги повеќе.

Исхрана

Секако дека за здрави у убави нокти потребно е да внимавате и на тоа каква храна консумирате. Внесувајте повеќе витамин Е и рибино масло, како и храна полна со протеини (грав, риба и јаткасти производи).

 

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com