ЧЕТВРТОК, 08 МАРТ 2018

Кажете му ЗБОГУМ на целулитот: одлични начини кои можат да ви помогнат

Целулитот се појавува кај секоја дама, без разлика на возраста и килажата. Навистина е непријатно кога ќе се погледнете во огледалото и сте задоволни со вашиот изглед, но целулитот ја нарушува целата слика. Повеќе нема потреба да се грижите, бидејќи сега ви откриваме одлични начини кои ќе ви помогнат да му кажете збогум на целулитот. 

post cover photo

Пред да почнеме да зборуваме за главните работи, сметаме дека е важно да го разберете целулитот, односно што тој претставува и како се создава. Целулитот е состојба кога кожата е со изглед на кора од портокал. Тој најчесто се појавува на стомакот, бутовите и задникот, како последица од промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Причина поради која се појавува целулитот е нездравата исхрана и нередовното вежбање. Треба да знаете дека не сте сами и нема потреба од преголема грижа. Почнете да ги практикувате овие работи, бидејќи ние веќе почнавме и ги забележуваме промените!

Здрава исхрана

Здравата исхрана игра голема улога во спречувањето на појавата на целулитот. Кога консумирате храна со големо количество на сол, тогаш предизвикувате повеќе да се забележува целулитот. Многу е важно да јадете храна која содржи влакна, како и житарици. Секако не заборавајте на овошјето и зеленчукот, кои помагаат полесно да ги исфрлите штетните материи од организмот. Ние подготвивме салата, а вие што ќе јадете денеска?

Пијте големо количество на вода

Сигурно сакате да биде адекватно хидрирани, бидејќи дехидрираната состојба ја влошува состојбата на целулитот. Потребно е секој ден да пиете доволно вода! Наша препорака е секогаш со вас да носите шише вода, додека сте на работа чувајте го на работната маса со цел да ве потсетува постојано да пиете, а исто така одличен начин е да ја симнете апликацијата која ќе ве потсетува постојано да внесувате вода.

Вежбајте редовно

Ако вашата цел е да ја намалите видливоста на целулитот, тогаш е важно да се посветите на вежбањето или едноставно секојдневно пешачете, џогирајте, пливајте, одете на јога итн.

Масажа

Масирањето на местата каде што имате целулит исто така ќе ви помогне да ја намалите неговата видливост. Но, ние ви препорачуваме масажите да ги правите со нанесување на TAIVA ANTI CELLULITE & STRETCH MARKS кремот за тело. Со редовна употреба наутро и навечер, за само 4 недели ќе забележите резултати. Потребно е енергично да го масирате кремот во кожата, доколку сакате поцврста и помазна кожа без испакнати целулитни јазли. Кремот ја стимулира липолизата и синтезата на колаген, ја забавува синтезата на масни киселини и ги намалува масните депоа, со што се спречува создавањето на нов целулит. 

Имајте прекрасна кожа и бидете задоволни од вашиот изглед!

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com