ПЕТОК, 09 МАРТ 2018

Како да ја зголемите вашата сексуална самодоверба?

Сосема е нормално понекогаш да чувствувате несигурност при помислата на секс. Секој од нас поминува низ различни периоди на апстиненција и помислата на сексуалната активност може да предизвика чувства на несигурност.

post cover photo

Постојат голем број на причини зошто една личност поминува долго време без секс, а потоа во моментот кога ќе дојде до ситуација да има можност за сексуални задоволства, тогаш самодовербата е на многу ниско ниво. Без разлика на тоа низ каков период поминувате не дозволувајте да се намалува вашата сексуална самодоверба. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го надминете срамот и анксиозноста, да ја зголемите сексуалната самодоверба и со тоа да имате неверојатна интимна врска.

Учете од минатото

Секоја нова врска ви нуди нов почеток, што значи можност да ги направите работите поразлични и подобри од последниот пат. Сега е вистинското време да размислите за вашето минато сексуално искуство и да сфатите кои работи треба да ги смените. Кои работи највеќе ве возбудуваат во интимниот однос? Кои работи што ги правел партнерот највеќе сте ги сакале и во кои работи сметате дека вие сте најдобри? Што би сакале да смените и да пробате ново со цел да се зголеми возбудата? Размислете, секоја личност има своите потајни желби, потребно е само да се опуштите и да дозволите вашиот внатрешен жар да се разгори. Кога ќе бидете свесни за вашите потреби, но и граници, тогаш ќе можете да започнете новата сексуална врска на подобар начин. 

Бидете свесни за тоа што ве задоволува

За почеток е важно да знаете дека мастурбацијата е основа за секс со партнерот. Колку подобро знаете што најмногу ве возбудува, толку подобро ќе можете да доживеете задоволство и оргагазам. Исто така ќе можете да ги споделите тие работи со вашиот партнер, што ќе ве доведе до попозитивно интимно искуство. Размислувањето за себе и своето тело на ваков начин, првин ќе ви помогне да се прифатите себеси, а потоа ќе ви помогне да имате поголема самодоверва при сексот. Многу лесно можете да заборавите на позитивните работи за вашето тело кога се чувствувате несигурни и се концентрирате на работите кои не ги сакате толку многу. 

Комуникацијата е клучна 

Кога веќе започнувате од почеток, потрудете се да имате добра комуникација, ако сакате успешна сексуална врска. Поголема атрактивност постои кога зборувате за вашите потреби и желби, а исто така и кога покажувате способност да го сослушате партнерот. Комуникацијата ја зголемува шансата да го добиете тоа што го сакате кога станува збор за сексот. Со тоа што ќе го прифатите партнерот ќе направите тој да се чувствувате ценет и посебен. Сите овие работи придонесуваат да се зголеми и вашата самодоверба. 

Концентрирајте се на задоволството не на перформансот

Кога ќе започнете нова врска, особено ако тоа се случи по долго време поминато без секс, сосема е нормално да се чувствувате вознемирени околу атрактивноста, килограмите, изгледот и како изгледате за време на сексот. Ваквото размислување ќе ве спречи да се опуштите и не само што нема да ви овозможи задоволство, туку ќе направи целата ситуација да испадне многу полошо од што сте замислиле. Кога ќе почнете со сексуалните игри не размислувајте на тоа што правите и како изгледате, туку едноставно препуштете се на задоволството. Кога се концентрирате на сензуалноста и задоволството тогаш сте многу посамоуверени и чувствувате поголема моќ.

Имајте смисла за хумор

Сексот знае да биде комплициран и непијатен дури и во најдобрите моменти. Понекогаш се случува да ја заборавите неговата суштина, тој е конекција, задоволство и забава. Бидејќи сексот се одвива меѓу телата, тој знае да биде непријатен, комплексен, а понекогаш и смешен. Затоа, наместо да бидете засрамени, развеслете ја ситуацијата. Вашиот партнер исто така се чувствува нервозен, па затоа работете на тоа да бидете опуштени и употребете ја вашата смисла за хумор доколку е потребно.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com