НЕДЕЛА, 11 МАРТ 2018

Внесете медитерански стил во домот - одлични начини за декорирање

Медитеранскиот стил ќе направи повеќе да уживате во домот, само поради тоа што ќе ве потсетува на сината боја на морето, сончевите денови и прекрасните зајдисонца. Најважната работа кај овој стил е рамнотежата помеѓу ентериерот и природата, па затоа сите материјали кои ќе ги користите потребно е да бидат природни. 

Бои

Боите кои го карактеризираат медитеранскиот крај се силни и земјени бои. Најчесто тоа се тонови на рубин, боровница, смарагднозелена, тиркизно сина и сончогледово жолто. Доколку покривањето на ѕидовите со овие бои ви делува претерано, тогаш концентрирајте се на деталите. Ставете впечатлив текстил или украси со силни бои. Можете да набавите и слики на кои доминираат овие бои и на тој начин идеално ќе го разубавите ѕидот. 

Подот

Дефинитивно, одличен начин за да внесете медитерански стил во вашиот дом е ако се посветите на подот, односно ако ставите плочки, со убави шари. Покрај плочките, клучен материјал е дрвото. Што и да одберете нема да погрешите. Направете го вашиот дом со малку поинаков изглед и уживајте во промените! Само неколку плочки на влезот од домот можат да направат голема разлика.

Мебел

Кога станува збор за мебелот, тој најчесто е масивен и гломазен. Многу често во медитеранскиот стил може да се забележи комбинација на кожа и дрво. Морските места пак повеќе се карактеризираат со бел намештај во комбинација со сина, жолта и зелена боја. Вие можете да одберете мебел со класичен, рустичен изглед. Тоа може да биде столче или масичка. Наједноставни елементи со кои можете да направите промена се огледалото, резбани кутии или столчиња.

Материјали

Од материјали потребни ви се памукот, волната и свилата, а тие совршено одговараат во сечиј дом. Можете завесите да ги замените со нови елегантни или пак направете промена на теписите и перничињата. Кој и да биде вашиот избор, со сигурност ќе го освежите вашиот дом. 

Светлина

Ниту еден медитерански дом не би бил ист кога би немало доволно светлина. За да додадете повеќе светлина во вашиот дом, одбирајте посветли бои за вашите ѕидови, завеси и слично. На тој начин повеќе светлина ќе влегува во домот, дури и ако прозорците се мали.

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com