ПОНЕДЕЛНИК, 12 МАРТ 2018

Што се случува кога ќе започнете со веганска исхрана?

Во последниве неколку години веганството е навистина актуелно и сѐ повеќе луѓе започнуваат со ваквиот начин на исхрана. За да го смените вашиот начин на живот и да станете веган, потребно е да преземете навистина големи мерки. Особено оние кои се навикнати секојдневно да консумираат месо и млечни производи, овој чекор е многу тежок!

Веганството од година во година сѐ повеќе се шири и голем број на луѓе го поддржуваат. Исто така и познатите личности се трудат да се приклучат на веганството. Како тема којашто е навистина актуелна, а познато е дека е и многу често тема за расправии помеѓу луѓето кои се вегани и оние кои не се, би сакале повеќе да зборуваме за тоа што се сѐ случува откако ќе започнете со веганска исхрана. Можеби некои од овие причини ќе ве замислат и ќе ве натераат и вие да станете веган!

post cover photo

Ќе ги намалите килограмите

Конечно постои начин на исхрана кој ви овозможува да јадете колку сакате, а сепак да не ги зголемите килограмите премногу. Со веганската исхрана вие внесувате нискокалорична храна, богата со здрави јаглехидрати и масти, па затоа таа не може да ве здебели, туку ќе ви овозможи здраво и постепено слабеење, кое ќе придонесе да бидете поздрави и подобро да се чувствувате.

Кожата ќе ви изгледа прекрасно

Познато е дека квалитетот и убавината на кожата не зависат само од надворешната нега, туку и од тоа како се однесувате спрема вашиот организам. Многу е важно тоа што го јадете и го внесувате во организмот, бидејќи лошите одлуки, како мрсната и неквалитетна храна негативно влијаат врз кожата. Поради тоа што веганската исхрана подразбира свежа, необработена храна, вие консумирате намирници со 100% витамини и природни состојки кои ѝ се потребни на вашата кожа. Резултатот е свежа, влескава, мазна и здрава кожа.

Ќе готвите како професионалец

За да станете веган и да ја консумирате потребната храна секојдневно, потребно е повеќе да готвите. Поради тоа што овој начин на исхрана пдоразбира отстранување на поголемиот дел од секојдневните намирници на кои сме навикнати, вие ќе ги усовршите вашите техники од ден на ден.

Ќе им помогнете на животните

Овој начин на исхрана подразбира да се откажете од внесување на храна од животинско потекло. Тоа не значи дека треба да се откажете само од месото, туку и од млекото, млечните производи, јајцата итн. Поради тоа, вие секако дека ќе им помогнете на животните, бидејќи нема да јадете храна која е последица од нивно убавиње и мачење. Исто така, веганскиот начин на живот не подразбира само исхрана, туку се однесува и на козметиката. Постои и веганска козметика, која не е тестирана на животни, што се смета за еден од најлошите облици на мачење на животните. Кога ќе размислите повеќе, да се биде веган значи да се биде хуман.

Ќе се поврзете со природата

Може да се каже дека ова е најважната работа која веганството може да ја направи за вас. Кога ќе размислувате за тоа дека внесувате работи кои ви се дадени од природата, поради тоа што и вие сте дел од природата, ќе почувствувате како телото ви се полни со позитивна енергија и секој ден ќе имате сѐ повеќе енергија, сила и желба за сѐ.

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com