ПОНЕДЕЛНИК, 12 МАРТ 2018

15 популарни начини на бакнување

Дали знаевте дека постојат повеќе од 100 различни начини на бакнување и секој покажува различни чувства? Вашите усни можат да откријат многу работи за карактерот и вашето однесување во врската. Сега нема да зборуваме за сите 100 начини на бакнување, туку само за оние 15 кои се најпопуларни.

post cover photo

Француски бакнеж

Францускиот бакнеж може да се каже дека е најпопуларниот бакнеж и е еден од најстраствените. Не е тајна дека овој бакнеж се поврзува со врска која е навистина полна со страст и партнери кои не можат да се одвојат еден од друг. Експертите велат дека францускиот бакнеж е вид на уметност, во која може да се усовршите.

Брз бакнеж

За разлика од францускиот, брзиот бакнеж е соодветен кога ќе се сретнете во јавност. Вашите споени усни ги допираат усните на партнерот. Овој бакнеж е препознатлив за оние кои се во врска навистина долго време.

Бакнеж на образ

Нежниот бакнеж на образ во некои земји е замена за ракување. Ако бакнежот трае подолго, тогаш тоа значи дека ќе доведе до постраствени бакнежи во иднина. Најчесто овој бакнеж луѓето го употребуваат за да го потсетат својот партнер дека го сакаат.

Праќање бакнеж

Кој рече дека бакнежот мора да биде физички контакт? Ваквиот бакнеж претставува начин да комуницирате со партнерот на одредена далечина. Исто така се употребува како начин за флертување.

„Катанец“ бакнеж

Ова е вид на бакнеж кога партнерите сакаат да се одвојат, но нивните усни не можат да се разделат. Чувството е исто како што изгледa - немате премногу време, треба да побрзате, но сепак сакате повеќе да уживате во присуството на партнерот. 

Ангелски бакнеж

Тоа е бакнеж кога вашиот партнер ве бакнува на очниот капак додека одмарате. Може да се каже дека е еден од најнежните и највнимателни начин за да ги покажете своите чувства и грижа. Исто така, овој бакнеж докажува дека има доверба помеѓу вас.

Бакнеж на носот

Бакнежот на носот или нежното грицкање на носот е интересен начин да го привлечете вниманието на партнерот, а на крајот секогаш предизвикувате насмевка. Исто така, одличен начин е да се извините без да зборувате.

Бакнеж на челото

Овој бакнеж служи за да се покаже почит и посветеност кон личноста.

Бакнеж на увото

Увото е еден од најчувствителните делови од телото. За некои, бакнежот на уво знае да предизвика скокоткање. Затоа, овој бакнеж има за цел да ве насмее или расположи.

Бакнеж на раката

Ова е еден од најстарите бакнежи, кој покажува почит и восхит. Според старите традиции, само мажот кој е постар од жената може да си дозволи да ја допре нејзината рака со неговите усни. Во други случаи, мажот која сака да ја бакне раката на жената, треба да клекне на коленици. Бакнежот може да биде проследен со комплименти. 

Бакнеж на вратот

Предните и задните делови на вратот се навистина сензитивни. Поради тоа партнерите кои се блиски и интимни ги преферираат овие бакнежи. 

Бакнеж на една усна

Овој начин на бакнување подразбира бакнување со само една усна (долна или горна). Тоа е бакнеж помеѓу среќни луѓе кои навистина се сакаат и имаат заеднички планови за нивната иднина. 

Ескимо бакнеж

Сладок начин да искажете љубов. Ескимо бакнежот претставува допирање на вашиот нос со носот на партнерот. Се верува дека овој бакнеж се појавил помеѓу луѓето кои живеат во студените краишта. Тие ги триеле своите носеви со цел да избегнат замрзнување на усните. Во некои афрички земји, овој бакнеж е алтернатива за ракување.

Грицкање на долната усна

Ова е една форма на француски бакнеж, кога партнерот нежно ја фризе вашата долна усна. Овој бакнеж ја открива внатрешната страст на личноста.

Контакт со телото

Најчестиот и најбалансиран начин на бакнување е оној кога при бакнувањето има контакт и со телата. 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com