ВТОРНИК, 13 МАРТ 2018

5 лаги во кои верувате кога сте мајка за првпат

Да бидеме искрени: првите недели и месеци откако ќе се роди бебето знаат да бидат навистина тешки. Секоја жена којашто има деца знае дека тоа е вистина. Сепак, прекрасно е кога ќе родите дете, децата се најголемата среќа и радост во животот. Тие се најголемото богатство на секој родител. 

post cover photo

Во денешно време многу жени се откажуваат од тоа да бидат мајки поради кариерата и чекаат да дојде „вистинското време“ за мајчинство, не сфаќајќи дека не постои нешто такво. Да, бебето го менува животот, но сѐ зависи од вас како ќе го распределувате времето и како ќе размислувате откако ќе се породите. Постојат некои работи во кои сите веруваме дека се случуваат откако ќе се роди бебето, но всушност тие работи се лага!  

„Никогаш повеќе нема нормално да спијам.“

Навистина е физички невозможно никогаш повеќе да не спиете или засекогаш да имате ист распоред како и вашето дете. Фазата со неспиењето е само фаза. Ќе дојде време кога вашето дете ќе спие нормално, а исто така и вие. За многу брзо време повторно ќе спиете цела ноќ и наутро ќе се будите освежени. Нема засекогаш да биде толку тешко и напорно!

„Никогаш повеќе нема да патувам и да правам забавни работи.“

И мајките се луѓе. Можеби на почетокот ќе биде потребно поголемиот дел од времето да бидете дома, но за многу брзо ќе дојде времето кога ќе можете повторно да патувате и да уживате во новите авантури. Повторно ќе се чувствувате како своја на своето. Навистина, детето не значи дека забавата е завршена, тоа прави таа да биде уште поинтересна.

„Моето тело е уништено.“

По пораѓањето можеби вашето тело е растегнато, на лицето имате темни кругови и се чувствувате како никогаш повеќе да не можете да седнете а да не ставите пакет мраз на столчето. Сепак, за брзо време можете да го вратите вашиот нормален изглед! Неверојатно е тоа колку телото се менува за да создаде бебе, а уште поневеројатно е тоа како потоа сѐ се враќа на своето место. Можеби вашето тело нема да биде потполно исто како пред породувањето, но можете да изгледате речиси исто само со малку труд. Најважно од сѐ е да си дадете време. 

„Никогаш повеќе нема да бидам сама со мојот партнер.“

Бебето ја окупира целата куќа, па дури и спалната соба. Но, треба да знаете дека сето тоа е привремено. За брзо време, вашето дете ќе има свој простор, ќе спие попладне, па дури ќе почне да оди во градинка и училиште. Затоа, не се откажувајте веднаш и не бидете од оние парови кои по раѓањето на детето забораваат на својата љубов и страст. Секогаш има време за вас и вашиот партнер.

„Никогаш нема да излезам од оваа облека, ниту од дома“

Кога првпат имате бебе, тогаш ќе ви делува како постојано да сте прекриени со храна и облечени во тренерки. Тој опуштен изглед, постојано покрај бебето секако дека не можете да го избегнете. Но, не заборавајте дека тоа не трае вечно и за брзо време ќе можете повторно да се дотерате, нашминката и излезете. 

 

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com