ЧЕТВРТОК, 24 МАЈ 2018

5 работи кои ви се случуваат во текот на бременоста

Бременоста навистина го менува животот на една жена. Од самиот момент кога ќе ја дознаете убавата вест, вие веднаш започнувате ново поглавје во вашиот живот. Секако дека следуваат физички промени, но во вашиот нов живот како мајка се случуваат и други промени.

post cover photo

Опсесивна љубопитност за развојот на бебето

Во текот на бременоста постојано се интересирате за големината, тежината и развојот на бебето. Дури почнувате да се однесувате и опсесивно, поради тоа што секоја информација добиена од гинекологот сакате да проверите дали е нормална, на секој преглед срцето ви чука забрзано поради возбудата за тоа што ќе го слушнете и постојано се плашите за здравјето на детето кое треба да се роди.

Мрдањето на бебето предизвикува различни чувства

Навистина е интересно додека седите одеднаш да почувствувате како бебето во вашиот стомак мрда. Секој пат кога ќе се случи тоа насмевката на вашиот лице е сѐ поголема, но треба да знаете дека како што бременоста напредува, овие движења почнуваат да ви предизвикуваат болка. 

Промена на либидото

Во текот на бременоста се зголемуваат градите, косата добива сјај, а сексуалната самодоверба се искачува на ново ниво. Во вториот триместа вашата сексуална желба значително се зголемува, но почнувате да мислите на вашето бебе и се плашите да не го повредите, па затоа често доаѓа до одложување на сексуалниот чин. Промените поврзани со желбата за сексот се менуваат во зависност од триместерот. Најверојатно во првиот и третиот воопшто нема да помислувате на сексуалниот однос.

Постојано зборувате за бебето

Сигурно многупати досега сте рекле и сте си ветиле дека нема да бидете како останатите мајки кои постојано зборуваат за своите деца, но верувајте ќе бидете. Колку и да се контролирате, неизбежно е да се започне темата за вашето бебе. Постојано ќе сакате да споделувате како напредува бебето, како се чувствувате во текот на бременоста, што сте купиле за бебето итн. Треба да знаете дека не треба да чувствувате вина поради тоа.

Почесто ќе плачете

Секоја тажна приказна која ќе ја слушнете, вашите очи ќе се наполнат со солзи. Ќе почнете да плачете за секој лоша вест на телевизија, за секое бебе кое се изборило да стигне на овој свет, за секоја храбра мајка која направила сѐ за да го спаси своето дете. Ќе бидете многу почувствителни од претходно. 

Ќе се промени односот кон партнерот

Во текот на бременоста ќе забележите како станувате построги, но во исто време и поблиски со вашиот партнер. Повеќе нема да сакате да ги толерирате неговите лоши навики и постојано ќе го критикувате, а во вашата глава постојано ќе ја имате мислата „Каков пример ќе биде тој за нашето дете“. Но, кога ќе помислите на тоа дека вие заедно ќе имате дете, живот за кој ќе бидете одговорни, во вас се појавуваат магични чувства и поголема близина. Вашата врска ќе биде поразлична, но многу повозвишена. Вие сега станувате вистинско семејство.

 

Varumin

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com