НЕДЕЛА, 24 ЈУНИ 2018

Зошто сексот во бракот станува здодевен?

На голем број од луѓето им се случува да западнат во брачна замка, односно да почнат да се доживуваат како цимери, со солиден однос, почнуваат да живеат паралелни живот и да си посветуваат многу помалку време еден на друг. Доколку и вие сте во брак, можете лесно да забележите како домашните обврки, работата, родителската грижа, буквално ве голтаат и најважно од сѐ ви се финансиските прашања, како да издржите со крајот на месецот, како да се справите со уморот и кога конечно ќе се наспиете.

post cover photo

Успехот знае да делува исто како и неуспехот, ако брачниот живот и партнерскиот однос не се наоѓаат на врвот на листата со приоритети. Секој кој одлучува заедничкиот живот да се одвива сам од себе и не посветува посебно внимание, не дава допилнителна енергија и време, тогаш не може да oчекува дека односот со партнерот ќе биде совршен.

Поради тоа, многу често во бракот нема секс, ниту посебна верност, приврзаност, страст, а партнерите остануваат заедно поради различни, секојдневни и практични причини. Жените имаат свои причини и критики на сметка на партнерот, но треба да знаете и за причините на мажите зошто тие се ладат и повлекуваат во бракот.

Сексот станува обврска

Кога брачните должности ќе станат обврска, тогаш се губи интересот. Поради обврските се губи целата спонтаност и буквално времето за секс се планира однапред. На мажите (а и на жените) им е потребна предигра, возбуда, спонтаност и страст, а не интимен живот кој се одвива по распоред.

Но, кој треба да биде иницијатор за страста и сексуалните игри? Невложувањето на посакуван напор и негување на сексуалниот живот секако дека ќе ве доведе до рутина и ако постојано и двајцата тоа го премолчувате, полесно ќе ви биде да се повлечете отколку искрено и отворено да разговарате на таа тема.  Доколку утврдувате време кое ќе го одвоите за секс, тогаш потполно посветете се еден на друг и ангажирајте ја вашата фантазија и отворено зборувајте за своите желби и потреби. Одговорноста за оживување на сексуалниот живот ја имате и вие и вашиот партнер, па затоа искрено зборувајте и заедно најдете соодветно решение.

Жената никогаш не е расположена

Тоа е размислувањето на секој маж. Мајчинстовото може многу да ја ангажира жената, така што таа повеќе не се чувствува секси и исто така смета дека не ѝ прилега да се посветува на сексот. Целата нејзина енергија е усмерена на децата и она малку време што ќе ѝ остане повеќе сака да го искористи за добар сон, а не за разменување нежности. Кога жената на својот партнер му испраќа сигнали дека сексот ја оптеретува, неговите барања ја замараат и дека не ѝ е привлечен, тој се чувства дека повеќе не ја интересира како сексуален партнер и се повлекува. На мажите не им смета тоа што жените ги оптеретува, но недостатокот на секс ја нарушува нивната самодоверба и затоа тоа резултира со повлекување.

Мажите имаат фантазии кои не можат да ги остварат со својата партнерка

Да, некои мажи го признаваат ова и многу ретко се во состојба своите сексуални желби да ги доживеат со партнерката. Не поради тоа што таа не сака да се согласи, туку затоа што тие работи едноставно не се прават со сопругата. Ако партнерката сака да се однесува како порно актерка, да се соживее со улогата во некои игри кои него го возбудуваат, тој повеќе нема да ја гледа со потребната почит и делење на теретот од секојдневниот живот. Желбите не доаѓаат сами од себе, но го носат мажот оптеретен од предрасудите и неслободата во интимниот контакт со сопругата во прегратка на друга жена, таа којашто може да ги оствари неговите желби и од која ништо друго не се очекува.

За жал, ваквите работи многу често се случуваат, поради тоа што мажот е незадоволен од сексот во бракот, додека жената не знае што е тоа што го мачи и смета дека повеќе не му е привлечна и дека тоа е нешто нормално, што доаѓа со навиките и годините. Сексот не е само дел од партнерскиот однос, тој е огледало – ако нема искреност, спремност на компромис и желба да се вложи дополнителен напор за да се одржи одреден облик на поврзаност, тогаш парот на некој начин се разделува и тоа го прифаќа како начин на брачна конзистенција.

Барањето на задоволство надвор од бракот е „решениe“ за голем број мажи, што на крајот може да резултира со развод, откако неверството ќе се открие. Затоа, не дозволувајте да дојде до емотивно и сексуално одалечување помеѓу вас и вашиот партнер, само поради тоа што сте оптеререни со премногу работи, кои на крајот од денот и не се толку важни. Љубовта и семејството се најважни во животот и секогаш треба да бидат на врвот на вашата листа на приоритети. Посветувајте си повеќе внимание и одржувајте ја страста во вашиот брак, а секогаш можете заеднички да се договорите и да се распределите за да ги одржувате останатите работи во заедничкиот живот.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com