ЧЕТВРТОК, 12 АПРИЛ 2018

Ослободете се од негативното размислување засекогаш

Време е да престанете да размислувате негативно, да излезете од маѓепсаниот круг на лоши мисли, да го срушите ѕидот на песимизмот засекогаш и конечно да ги прифатите бескрајните можности што ги нуди животот!

post cover photo

Како да престанете да размислувате негативно?

Да знаете како да се ослободите од деструктивните и песимистички мисли претставува еден вид егзистенцијална револуција. Честопати сме биле во ситуација кога сме го послушале „реалистичниот глас“ во себе што не ни дозволува да ризикуваме, да излеземе од комфорната зона и да ги следиме нашите соништа. Тама Кивс, американска писателка и мотивациски говорник раскажува за своето лично искуство за Thrive Global: „Јас доаѓам од Бруклин од семејство со еврејско потекло и како мала сакав да бидам писателка. Но, сите постојано ми велеа дека ако ја одберам уметноста на пишувањето, секогаш ќе бидам гладна, па така станав адвокат. За мене и моето семејство тоа беше „реално размислување“, што за жал, многу подоцна сфатив дека е негативно размислување и што за жал води до хроничен песимизам.“ Денес Тама Кивс е успешна писателка и автор на неколку психолошки книги и мотивациски говорник и тренер за личен развој.

Многу често се чувствуваме обесхрабрени и се сомневаме во нашите способности, потпирајќи се на нашите искуства. Искуствата се учители на животот, но кога се фокусираме на минатото, не можеме да уживаме во сегашниот момент. Никој не рече дека ќе биде лесно да се ослободите од негативните мисли, бидејќи тие се маскирани со реални мисли, но доколку успеете во тоа, пред вас ќе се отвори еден нов свет со милион можности.

Раскажете подобра приказна

Многу од нас сѐ уште ја раскажуваат својата стара приказна, а за да ја промениме својата статус кво ситуација, треба да почнеме да раскажуваме нова приказна. Никогаш нема да стигнеме од точката А до точката Б, доколку постојано зборуваме за точката А. Зошто секогаш размислуваме за најлошото? Ако се обидеме да размислуваме подобро и да раскажеме подобра приказна, ние имаме моќ да ја креираме нашата иднина и да го живееме животот кој секогаш сме го посакувале. Тама Кивс советува секогаш кога чувствуваме страв, да напишеме писмо до себе како да ја советуваме нашата најдобра пријателка, затоа што секогаш многу подобро знаеме кога се работи за некој друг, па ајде да го искористиме тоа.

Фокусирајте се на нештата кои ви будат позитивни емоции

Прекрасната вест е дека нашиот фокус ја креира нашата реалност. Ние не сме немоќни суштества препуштени на судбината, ние самите ја креираме нашата реалност, а тоа можеме да го направиме фокусирајќи се на нештата кои ни будат позитивни емоции. Мозокот е „програмиран“ да се грижи за една мисла во исто време, па така фокусирајќи се на мислите кои прават да се чувствуваме спокојно, среќно и смирено можат да ни помогнат да престанеме со негативното размислување.

Среќата е ваш избор

Сите среќни луѓе можат да потврдат дека среќата е наш избор и секој ден одлучуваме дали ќе бидеме среќни или не со изборите кои ги правиме. Сѐ започнува во нашите мисли, избирајќи позитивни мисли, избирајќи ги нашите реакции, избирајќи ги луѓето со кои сме опкружени, ние секојдневно избираме дали ќе бидеме среќни. Меѓутоа, промените не се случуваат преку ноќ. Животот е патување и треба да уживаме во секој момент, треба да бидеме благодарни за секое искуство, за секоја негативна мисла, бидејќи благодарение на нив, можеме навистина да дознаеме што е тоа што нѐ прави среќни.

И не заборавајте, најголемиот ризик кој можете да го направите е непреземањето на ризик!

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com