САБОТА, 30 ЈУНИ 2018

Како времето влијае врз вашето расположение?

Сонцето има огромно влијание врз нашето расположение. Кога денот е подолг и кога времето е сончево, едноставно се чувствуваме подобро и зрачиме со позитивна енергија. Но, кога времето е мрачно, дождливо и облачно нашето добро расположение преминува во фрустрираност, а нашата позитивна енергија се намалува.

post cover photo

Дали и вие сте од овој тип луѓе можете да дознаете откако ќе го решите овој тест.

Лошо сте расположени. Дали секогаш сами ги растерувате мрачните мисли?

А) ретко (1)

Б) скоро секогаш (3)

В) никогаш (0)

Ги чувствувате ли промените на времето?

А) да, многу (0)

Б) речиси не (3)

В) не, воопшто (1)

Што пиете за појадок?

А) овошен сок (3)

Б) кафе или чај (1)

В) млеко (0)

Во недела наутро, се будите и гледате дека врне дожд. Што ќе направите?

А) ќе останам во креветот (0)

Б) не знам (3)

В) нешто ќе смислам (1)

Како дете што се собирале?

А) поштенски марки (1)

Б) сликички (3)

В) разгледници (0)

Што е за вас пресудно при облекувањето?

А) времето (3)

Б) расположението (0)

В) она што е чисто и испеглано (1)

На улица сте здогледале куче скитник. Што ќе направите?

А) ќе го земете, ќе го смените кај пријател или ќе го одвете во азил за кучиња (3)

Б) ќе ги известите шинтерите (0)

В) ништо (1)

Дали многу време поминувате на свеж воздух?

А) да, редовно (3)

Б) ретко (1)

В) воопшто не (0)

Од која од овие фотографии зрачи повеќе животна радост?

А) фотографија 1 (3)

Б) фотографија 2 (1)

В) не можам да се решам (0)

Дали со задоволство би ја запознале жената од фотографијата 2?

А) да (0)

Б) не баш (1)

В) не, не би (3)

Каде го минувате годишниот одмор?

А) таму каде што има сонце (0)

Б) понекогаш на планина (1)

В) тоа зависи од парите (3)

Кое овошје со задоволство го јадете?

А) смокви (0)

Б) јагоди (3)

В) сливи (1)

Кој рано рани, две среќи граби. Дали оваа поговорка се однесува и на вас?

А) да, секогаш (3)

Б) само во лето (1)

В) не, никогаш (0)

Кое годишно време најмногу го сакате?

А) пролет (1)

Б) лето (3)

В) есен/зима (0)

Решение на тестот

Повеќе од 30 поени:

Вие сте олицетворение за ведрина. Без оглед на тоа дали надвор врне снег, грми или секаат молњи, вашето добро расположение ништо не може да го расипе. Благодарение на својот оптимизам, умеете да уживате во животот.

Од 15 до 30 поени:

Се држите под контрола. Ретко кога врз вашето расположение влијае времето. Во суштина сте оптимист и иако сте со подобра волја кога е сончево, не дозволувате дождот и снегот да ви ги расипуваат животните радости.

До 15 поени:

Времето и тоа како влијае врз вашето расположение. Чувствителни сте, и дождот, маглата или мрачниот ден напросто ве притискаат. Грижите ви изгледаат поголеми на есен и во зима. Настојувајте животот да го гледате од поведрата страна и времето помалку ќе влијае врз вашето расположение.

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com